Алцхајмерова болест – тивок крадец на спомените и епидемија на 21 век

Според светската статистика во нашата земја би требало да има околу 20 илјади заболени од Алцхајмерова болест, а само 20 проценти се дијагностицирани и третирани.

Под мотото „Сети се" со слушање на музика од минатото и гледање на стари филмови денеска на плоштадот „Македонија" во организација на Институтот за Алцхајмерова болест и невронаука се одбележа 21 Септември – Светскиот ден на Алцхајмеровата болест која се нарекува епидемија на 21 век.

Првата дама, сопругата на претседателот на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска порача дека деменцијата не засега сите нас и започнува тивко и незабележително, а трае долго.

– Бројките се алармантни. Во светот до 2020 година околу 50 милиони луѓе ќе бидат заболени од Алцхајмерова деменција, а ако не се пронајде лек до 2050 година, тој број трикратно ќе се зголеми, изјави Ѓоргиевска.

Нагласи дека нашиот придонес во борбата со неа ги надминува медицинските достигнувања и навлегува во сферата на човековите доблести.

– Колку повеќе ја поттикнуваме кај себе човечноста, разбирањето и информираноста на болеста, толку повеќе влијаеме за создавање хуимани услови за живот и подеднакви услови за сите. Треба да им се помогне на луѓето кои трагаат по сеќавањата и не ги препознаваат своите најлиски. Да ги разбереме и да им помогнеме иднината да им стане посреќна. Можно е да се живее со деменција, но најважна е личноста, а не болеста, изјави Ѓоргиевска.

Габриела Новотни од Институт за Алцхајмерова болест и невронаука, вели дека ова е една од најтажните болести, која ни ги краде сите спомени и сеќавања, со еден збор сето она што во животот ќе го заработиме.

– Потребно е активно да се бориме против митот дека заборавањето е дел од нормалното стареење. Забораваме сите како последица на расеаност, но доколку тоа се повторува и ги попречува нашите секојдневни активности потребно е да се побара помош, истакна Новотни.

Посочи дека како минуваат годините и како расте животниот век, така ризикот за Алцхајмеровата болест е поголем и многу почеста е болеста со доцен почеток, над возраст од 65 години.

– Идејата за организацијата на овој настан е произлезена од реминисцентната терапија. Тоа е терапија со потсетување. Алцхајмеровата болест ги краде спомените кои се последни запаметени. Старите спомени, времињата на нивната младост последни ќе исчезнат, затоа слушањето на музика од нивната младост и гледање на фотографии, буди многу пријатени емоции и се намалува агресивноста, вели Новотни.

Со тоа, посочи таа, се штеди злоупотреба на многу лекови кои се препишуваат за смирување и се подобрува квалитетот на животот преку нефармаколошки третман. 

Волонтерите од Црвен крст за 10 дена помогнале 3.168 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники

Во изминатите 10 дена дена, од волонтерите побарале помош 3.168 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека пациентите навистина чувствуваат бенефит од оваа мерка. 

Министерството за здравство соопшти дека успешно функционира проектот во соработка со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ Клиничкиот центар во Скопје, со цел да стигнат до потребната клиника, до соодветната локација, потребното снимање, преглед или анализа.

Во изминатите 10 дена дена, од волонтерите побарале помош 3.168 лица на седум клиники, каде се поставени пунктовите, што покажува дека пациентите навистина чувствуваат бенефит од оваа мерка. Волонтерите се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники „Мајка Тереза", во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден, посочуваат од Министерството.

– Како волонтери нашиот ангажман е од хуман аспект и преку овој проект им помагаме на пациентите полесно да ги најдат одделите и докторите. Пациенти ни приоѓаат и нѐ поздравуваат, велејќи дека оваа мерка e неопходна. Ќе продолжиме да се вклучуваме во секој проект, кој значи олеснување во работата, бидејќи е корисно за сите, велат Андриана и Сања, волонтери на Црвениот крст, кои во рамки на заедничкиот проект со Министерството за здравство им помагаат на пациентите за полесно снаоѓање во Клиничкиот кампус.

Извршените истражувања по клиниките покажаа дека пациентите имаат проблем со снаоѓањето во комплексот. На овој начин им овозможуваме полесно да ги најдат одделите и докторите, а со тоа и побрзо да ја добијат неопходната здравствена услуга. Оваа форма на помош функционира и на други клиники во Европа и од тамошната јавност е препознаена како добра практика, информираат од Министерството за здравство. 

Татјана не се откажува!!Сака на екс сопругот милијардер да му земе 526 милиони евра!!

Во тек е бурна и прескапа бракоразводна парница на милијардер и неговата екс сопруга.

Милијардерот Фархад Ахмедов и Татјана Ахмедова никако да се договорат околу поделбата на огромниот имот. Поточно, Татјана не се откажува од битката за своите заслужени пари.

Фархад чие богатство е проценето на 1,4 милијарди долари , според одлуката на судот од 2016 година би требало на сопругата Татјана да и исплати 41,5 проценти од богатството, односно 526 мил. евра.

Но, Татјана за три години добила само 5,8 милиони евра и тоа со жестоко спротивставување на екс сопругот.

Екс сопругата сепак не се откажува од намерата „да го добие тоа што и припаѓа’, па со тим од адвокати успеала да „го замрзне имотот на поранешниот сопруг“ . Според следните судски чекори на нејзино име би требало да биде препишана и јахтата на Фархад Ахмедов вредна 401 милијарда евра, која досега не била влезена во бракоразводната пресметка меѓу екс сопружниците.

Следното рочиште е закажано за почетокот на ноември во судот во Лондон.

Оваа бракоразводна парница е една од најголемите и најскапите во историјата на судството на Англија, чии граѓани се Фархад и Татјана од 2000 година.

Татјана за време на бракот со Фархад „била домаќинка и се грижела за воспитувањето на синот единец“.  

притисни ентер