Презентирана студија за одржливо управување со биоразградлив отпад во Вардарски плански регион

Студија за одржливо управување со винскиот и друг биоразградлив отпад во Вардарски плански регион беше презентирана денеска во Велес, во рамки на проектот „Биореал". 

Студијата ја изработи ЕПИ Центар Интернационал, во рамки на проектот од ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, а за потребите на ЈКП „Дервен" од Велес.

Целта на овој проект е преку јавно приватно партнерство да се изградат централи на гас кои ќе работат на био гориво-биомаса, со што отпадoт од депониите, свињарски фарми и земјоделието, наместо бескорисно да скапува и да ја загадува животната средина, ќе се искористи за добивање електична енергија, од која корист ќе имаат и општините и комуналите претпријатија и приватните инвеститори. Инвестицијата за центарали на гас би чинела од 2.400.000 до 2.700.000 евра, со тоа што очекуваниот поврат на средства да биде од 7.9 до 9,9 години, со годишна добивка од 267.199 до 298.230 евра.

Како што појасни за МИА, Христијан Станоевиќ од Епи Центар Интернационал, главната цел на оваа студија е да им се укаже на Јавните комунални претпријатија од Вардарскиот регион и Општините, како може да биде третиран и искористен органскиот отпад.

– Проектот им нуди на надлежните, односно општините од Вардарсиот плански регион и ЈКП во соработка со јавно приватно партнерство можност овој органски отпад кој сега бескорисно скапува по депониите и ја загадува животната средина да биде искористен како енергетски извор за производство на електрична енергија или топлина, како и можност за користење на повластени тарифи за користење на алтернативни извори на енергија, информира Станоевиќ.

Тамара Тодоровска координатор на проектот, за МИА потенцира дека понудените решенија се во насока на систематско искористување на овој специфичен органски отпад со главен фокус на намалување на еколошкиот притисок и овозможување на порационално искористување на ресурсите.

Тодоровска врз основа на податоците даде осврт на моменталната ситуација во комуналниот сектор и ги посочи причините за несоодветно третирање и менаџирање со органскиот отпад на депониите.

Во рамки на проектот, изготвувачите понудија интегрирани технолошки решенија во насока на генерално модернизирање на системот за управување со органски отпад.

– Придобивките од проектот се повеќекратни: ќе се овозможи интегриран систем за управување со отпад и управување со достапниот биоразградлив отпад, обезбедување на економски ресурси за развој преку зелени инвестиции, заштита на водните ресурси, животната средина и јавното здравје и промоција на нови алатки, техники и методи за третирање на отпадот, појасни Тодоровска.

За работење на централа на гас преку органски отпад според оваа студија на годишно ниво потребни се: 20 илјади тони свинско течно ѓубре, 1.400 тони ресторански отпад, 600 тони годишно од вински отпад-комиње, 9.000 тони годишно тревна силажа, биоразградлив комунален отпад. Инсталираната моќност на централата би бил 560 киловати, а производството на електрична енергија 4.525 мега вати часа годишно. /МИА

Буркина Фасо ги забрани Би-Би-Си и Гласот на Америка поради известување за масовни гробници

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците Би-Би-Си и Гласот на Америка на две недели поради нивното известување за масовни гробници.

Би-Би-Си и Гласот на Америка објавија податоци од извештајот на Хјуман рајтс воч за масовни убиства на цивили од страна на вооружените сили на земјата.

Според извештајот објавен од ХРВ вчера, војската убила околу 223 цивили, меѓу кои 56 деца, во селата за кои верувале дека соработуваат со бунтовниците.

Портпаролот на владата на Буркина Фасо, Тонсир Мирјан Корин Сану, рече дека двете радио станици ќе бидат суспендирани на две недели и ги предупреди другите медиуми да избегнуваат известување за тие случувања.

ЕК го прогласи веб сајтот за е-трговија „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“

Европската комисија донесе одлука за прогласување на веб страницата за електронска трговија со седиште во Сингапур, „Шејн“ за „многу голема онлајн платформа“ согласно Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ваквата одлука е донесена откако е утврдено дека „Шејн“ во просек месечно има над 45 милиони корисници во ЕУ, што е услов една интернет страница да добие статус на „многу голема онлајн платформа“.

Согласно оваа одлука, најдоцна до крајот на август „Шејн“ ќе мора да се усогласи со строгите правила што важат за „многу големите онлајн платформи“ согласно Законот за дигитални услуги, како што се засилување на мерките за заштита на корисниците, вклучително и на малолетниците и соодветна проценка и ублажување на сите можни системски ризици кои произлегуваат од нејзините услуги, како што се ширење на илегални содржини, продажба на фалсификувани или забранети стоки и заштита на брендови и интелектуална сопственост.

Врз основа на ДСА, Европската комисија на 25 април минатата година прогласи 19 веб страници, социјални мрежи, пребарувачи и сајтови за е-трговија за „многу големи онлајн платформи“, кои до крајот на август мора целосно да се усогласат со строгите правила на Законот што се предвидени за платформите со ваков статус .

Дополнително, ист статус Еврокомисијата на 20 декември 2023 година им го додели на уште три сајтови, кои треба да се усогласат со ДСА до крајот на месецов.

Со најновата одлука, статус „многу големи онлајн платформи“ имаат вкупно 23 сајтови, социјални мрежи, пребарувачи и страници за е-трговија и тоа „АлиЕкспрес“, „Амазон“, „Бинг“, „Букинг“, „Википедија“, „Гугл Мапс“, „Гугл Плеј“, „Гугл Срч“, „Гугл Шопинг“, „Еп Стор“, „Заландо“, „Икс“, „ИксВидеос“, „Инстаграм“, „Јутјуб“, „Линкедин“, „Пинтерест“, „Порнхаб“, „Снепчет“, „Стрипчет“, „ТикТок“, „Фејсбук“ и „Шејн“.

Шведските клубови се изјаснија против ВАР технологија

Шведската елитна лига нема да воведе систем за видео анализа (ВАР) откако фудбалските клубови го изразија своето противење на технологијата, изјави денеска претседателот на Фудбалската федерација на Шведска (SvFF), Фредрик Рајнфелд.

ВАР постојано е во центарот на контроверзи во лигите каде е воведен, со поплаки поврзани околу обемната анализа и одложувањата кои често траат неколку минути.

Во јули 2023 година, шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии, порача дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.

„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и две области кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР“, изјави денеска Рајнфелд, кој е поранешен премиер на Шведска, за весникот Афтонбладет.

„Ние го почитуваме тоа. Затоа на претходниот состанок на Претставничкиот комитет воопшто не изнесовме предлог за ВАР и не го предвидувам тоа ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на игра“, истакна првиот човек на шведскиот фудбал.

притисни ентер