Македонски учесници на обука за африканска свинска чума во Приштина

Учесници од Албанија, Косово и Македонија денеска во Приштина ќе следат курс за обучувачи за африканска свинска чума, кои потоа, стекнатите знаења ќе треба да ги пренесат на свои колеги, секој во својата земја.

Еднодневниот настан ќе го водат експерти за африканска чума од ФАО и од Институтот „Фридрих Лофлер".

– Денешната обука за обучувачи која ја спроведува ФАО во Приштина, придонесува за подобра подготвеност на балканските земји со обезбедување техничко знаење за ветеринарите на терен, наведуваат од Канцеларијата на ФАО во Скопје.

Според Еран Раизман, висок службеник на ФАО за здравствена заштита на животните, неколку мисии и работилници веќе беа одржани во регионот, но, оваа обука е од особена важност за контролата на болеста.

Вирусот на африканска чума со потекло од Африка, во 2007 година се прошири во Грузија, а потоа кон запад, достигнувајќи ја Источна и Централна Европа, како и Кина и Југоисточна Азија. Болеста е веќе пријавена во Бугарија, Унгарија, Романија, Словачка, а неодамна и во Србија, со значително зголемен ризик на проширување во регионот. Во земјава се уште не е потврдено присуство на африканска чума. /МИА

Трамп e подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со Орбан

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во видео-порака, Трамп изјави дека со нетрпение очекува тесна соработка со Орбан кога, како што изјави, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесуваат американските медиуми.

Трамп, во пораката, го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.

Пораката на Трамп беше емитувана на собир во БУдимпешта на Конзервативно-политичката акциска конференција (CPAC) што е најистакната конзервативна организација во САД.

Тоа беше трет собир на CPAC во Унгарија.

Орбан беше еден од најблиските сојузници на Трамп во Европа за време на неговото претседателствување, а двајцата се сретнаа на Флорида минатиот месец.

По нивниот состанок, Орбан ја истакна својата јасна поддршка за Трамп и додаде дека само враќањето на Трамп во Белата куќа може да донесе мир во Украина.

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО

 Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите од НАТО, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки. на Шангајската организација за соработка во главниот град на Казахстан, Астана.

Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот. /МИА

Малолетник се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко

 Полицијата сомничи малолетник од струмичко село дека вчера извршил обљуба врз малолетничка од Струмичко, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според соопштението, вчера во Полициската станица во Струмица во присуство на родител бил повикан малолетникот, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.

Инаку, вчера полицијата информираше за уште еден случај за обљуба врз малолетничка. Четиресет и пет годишен жител на Радовиш се сомничи дека во периодот од јануари до април во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

притисни ентер