Заев до чаирчани: Патриотизам е да се крева економскиот стандард на граѓаните, патриотизам е младите луѓе да останат и да градат живот дома!

„Ние овде ќе се чукаме во градите кој е поголем патриот. Патриот е тој којшто крева плати и пензии. Патриот е тој што ја враќа среќата на лицата на нашите граѓани. 

Патриот е тој што си подава рака еден меѓу друг, што гради единство. Патриот е тој што го крева економскиот стандард и целата економија. Патриот е тој што за 2,5 години отвори 64.000 работни места, даде 300% поголема социјална помош на најсиромашните, ја воведе државната социјална пензија, згрижи 12.000 стечајни работници. Патриот е тој што имаше храброст да ги укине квотите за лековите, да ја крене 40% платата на специјалистите лекари, 25% на медицинските сестри, 21% на наставниците и учителките, 31% на негувателките и воспитувачките", додаде претседателот Заев на граѓанската трибина на СДСМ и коалицијата „Можеме" во Чаир.

Претседателот Заев испрати неколку важни пораки до младите луѓе, посебно во овој период кога заедно треба да работиме и да ја градиме нашата држава која стана членка на НАТО, а ќе започне и преговори со ЕУ.

„Една порака до младите луѓе, да не размислуваат за надвор. Таму во Германија, во Швајцарија, во Италија, во Австрија можеби земаат поголема плата, но кога ќе дојде крајот на месецот и ќе ја платат киријата и закупнината и сите сметки не тоа нешто значајно што им останува. Таму развојот го достигнал своето ниво, реформите се случиле, предизвикот е завршен, а животот е еден. Таму ќе се возат горе на бранот, да, и животот ќе помине. Но предизвикот е овде. Овде е борбата. Овде се случува европеизацијата на државата. Овде ќе бидат реформите коишто треба да ги правиме. Овде ќе се крева економскиот стандард на народот. Да останат тука, тука да се борат. Тука се остава трага. Од тука се создаваат аргументи и приказни да се кажуваат на децата и внуците во иднина, во еден живот што го имаме. Затоа драги млади луѓе, останете дома! Јас и овие луѓе околу мене ќе се бориме, да се борите и вие! Ова е ваша земја, има да се бориме дома, оти тоа е патриотизам!", рече претседателот Заев на граѓанската трибина во Чаир,с е наведува во партиското соопштение.

Шекеринска од Битола: ВМРО-ДПМНЕ не смее да спомене п од правна држава

Заменик претседателката на СДСМ Шекеринска денес во Битола при одговор на новинарски прашања го повика противкандидатот Дурловски да се појави на соочување, се наведува во соопштението на СДСМ.

,,Јас не бегам од камери, не бегам од поставени прашања, а каде е носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски да одговори барем на едно прашање од медиумите, од граѓаните!?

Ако како битолчанец не знае каде води патот од Битола, што ли ќе каже за регионалните патишта во Струшко или Кичевско.

За жал, ВМРО-ДПМНЕ не промени ни точка во своето однесување. Лаги, дезинформации, напади и плукања, изјави Шекеринска.

Како партија покажавме разлика, бидејќи ниту еден од СДСМ не беше над законот, ниту еден случај не беше блокиран, ниту еден кандидат или пратеник од СДСМ не се крие од Судот, ниту еден од нас не бега кога ќе го повикаат во полиција.

ВМРО-ДПМЕ треба да одговори на многу прашања, но не смее да каже ни п од правна држава.

Кога ги слушав дека зборуваат за нула толеранција кон криминалот, мојата реакција беше дека има две нули и една единица пред тие две нули, односно имаат 100 процентна толеранција за криминалот и корупцијата во нивните редови, рече Шекеринска.

Први официјални резултати во Хрватска : Убедлива победа на ХДЗ и Пленковиќ

Андреј Пленковиќ останува  на премиерската позиција по убедливите резултати по парламентарните избори во Хрватска.

Според првите официјални резултати на Дражавната изборна комисија , ХДЗ на Пленковиќ има освоено 71 место во парламентот , додека втора е СДП со 45 места. Домовински покрет е на трето место со 16 мандати.

Според аналитичарите , неспорна е победата на Пленковиќ со резултати најдоби во последните 15 години. Останува само да се види дали ќе треба да коалицира со некоја од коалициите или ќе може сам да ја формира владата.

притисни ентер