Дневен хороскоп за 15. септември 2019 година

Дневен хороскоп за недела, 15. септември 2019 година. 

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се трудите да бидете поопуштени и да заземете пријателски став за да ја надминете дистанцата во приватните односи.

Кариера

Вашите заслуги не се спорни , но ќе очекувате повеќе да ве разгалуваат. Шефовите тоа ќе го препознаат , но ќе има такви кои ќе негодуваат.

Здравје и совет

Ништо не мора да се направи по секоја цена.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ако се обидете да најдете некоја стара тема во односот со саканата личност , тоа ќе ве растревожи , иако врската и натаму ви е многу добра.

Кариера

Ништо не можете да прескокнете , иако би посакале да е така.Секое скалило на успехот треба да го одработите од почеток до крај.

Здравје и совет

Поработете на својата спонтаност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе бидат преокупирани со семејни проблеми кои им задаваат главоболка, така што нема да имаат време за љубов.

Кариера

Контактите ви се добри , комуникациите пријатни , стабилни сте и цврсти во своите деловни планови.

Здравје и совет

Не сте расположени , иако нема причина.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во квалитетните приватни односи , ќе се замешаат некои прашања кои се непотребни. Ќе се покаже подоцна дека тие биле само губење време.

Кариера

Не заборавајте да направите попис на важните и на помалку важните задачи на работа , а особено ако размислувате за измени.

Здравје и совет

Почитувајте го трудот на другите.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе наидете на мали разлики и повторно ќе се соедините во хармонична двојка. Ќе бидете задоволни и подготвени за секаков вид уживање.

Кариера

Вашите шефови денеска ќе покажат смисол за креативност , но ќе бидат необјективни во одлучувањето.

Здравје и совет

Проверувајте го рокот на продуктите што ги конзумирате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Некои премногу ќе се занимаваат со анализи , а помалку со љубовни дела.Во случај нешто да ви недостасува , свртете се кон ова второто.

Кариера

Би сакале да добиете одговори на одредени теми , па поставувате дополнителни прашања. Нешто ќе дознаете , но тоа не е се.

Здравје и совет

Верувајте во подобро утре.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Пријатни сте за околината , ве сакаат и ценат , зрачите со самоувереност.Сите тие се добитни комбинации за љубов.

Кариера

Чувствувате дека во вас расте плима од амбиции и дека можете да работите повеќе и подобро. Затоа знаете дека и резултатите ќе бидат одлични.

Здравје и совет

Продолжете понатаму.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Мали нервози ќе внесуваат преоден немир во односите , но и ќе ве поттикнуваат повеќе да се ангажирате.

Кариера

Ќе ви недостига чувството на слобода. Притисоците за да ги завршите навреме обврските сега ги чувствувате како товар.

Здравје и совет

Вежбајте јога.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денешниот ден ќе ве поттикне кон сите лични проблеми да пристапите филозофски и со стил.

Кариера

Добивате шанса за да го покажете своето знаење во областа на креативната уметност или декорација.

Здравје и совет

Одморете го долниот дел од рбетот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Би можеле да барате изговор за вашите мали испади. Немојте да лажете , туку бидете искрени.

Кариера

Веројатен е контакт или деловна кореспонденција со луѓе поврзани со море или вода. Добро ќе соработувате.

Здравје и совет

Бидете појасни.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вашиот љубовен период продолжува и денеска. Ќе бидете интерсни , како за себе , така и за другите.

Кариера

Денеска во финанасиските прашања би можеле да се покажете како вистински волшебник , кој може да реши секаков проблем.

Здравје и совет

Во одлична форма сте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе настојувате да се опуштите во пријатен круг на ваши блиски луѓе и така да го надминете незадоволството од приватните односи.

Кариера

Додека чекате одговори на некои од порано поставени прашања, ги организирате луѓето и контактите. Одговорите и натаму ќе доцнат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Кари ја освои наградата „Џери Вест“

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари, е добитник на овосезонската награда „Џери Вест“, која му се доделува на најдобриот играч во решавачките моменти од натпреварите во НБА лигата.

Наградата која се доделува на клучниот играч во последните пет минути од натпреварите во кои резултатот е до пет поени разлика, беше воведена минатата сезона, а Кари го наследи дефанзивецот на Сакраменто Кингс, Де Арон Фокс.

Кари во изборот доби вкупно 298 поени (45 први, 18 втори и 19 трети места).

Второто место со 272 поени (34 први места) го зазеде Демар Дерозан од Чикаго Булс, додека третото место го освои Шеј Гилџес.-Александер од Оклахома Сити со 160 бодови (11 први места). /МИА

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

Двајца странски државјани, членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“, во средата биле уапсени во Атина, а се товарат за две кражби на златарници во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за српски државјани, а за кражбите го користеле методот „рифифи“, односно во златарниците и продавниците за накит влегувале по направени дупки од соседни напуштени или празни згради или простори.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените биле активни најмалку од декември минатата година, користеле фалсификувани документи, а се движеле со возила со странски регистарски таблички или во сопственост на лица со чисто криминално досие, за да не бидат откриени.

Во однос на начинот на дејствување откако ги таргетирале продавниците, ги набљудувале, по што подготвувале соодветен план и се движеле пеш за да не бидат сомнителни.

Откако успевале да добијат пристап до напуштените или празни згради-лепенки до златарниците, отворале дупка на ѕидот што води до продавницата.

Еден од уапсените влегувал преку дупката со лазење за да не се активираат детекторите за движење и со украдениот накит се враќал во соседниот простор.

Од досегашната истрага на полицијата, расчистени се две случаи на кражби во златарници во центарот на Атина, а продолжува истрагата за утврдување на целосниот обем на нивната криминална активност.

По извршениот претрес на уапсените меѓу другото, биле пронајдени и одземени алатки за кражби, три часовници, накит, 190 евра, фалсификувана возачка дозвола, три мобилни телефони.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

притисни ентер