Љупчо Палевски приведен во Србија

Бизнисменот Љупчо Палевски – Палчовчера е приведен во Белград по потерница распишана од Хрватска.

Српската полиција го привела аеродромот „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор.

Информацијата за дел од медиумите ја потврди неговиот адвокат Васко Стојков кој вели во моментот на приведувањето Палевски се подготвувал да отпатува за Москва, каде требало да склучи бизнис зделка.

Според информациите Палевски своевремено живеел и работел во Хрватска, а хрватските власти го бараат со потерница стара од 2015 година за долг на негова фирма од 2,5 илјади евра.

Палевски беше присетен во јавноста како еден од водачите на иницијативата Бојкотирам, а од пред неколку месеци неговото движење Трета го приклучи кон партијата Гласа на Солза Грчева.

Таа за Канал 5 вели дека ќе ја чекаат правната разврска пред да изградат некаков став.

Палевски има кривична пријава и во Македонија за „неовластено прислушување и тонско снимање“, затоа што во април годинава нанастан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“.

Фон дер Лајен во посета на Либан

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во придружба на шефот на кипарската држава Никос Христодулидес ќе престојува во посета на Либан. 

Како што соопшти Европската комисија, предвидено е Фон дер Лајен и Христодулидес во Бејрут да се сретнат со либанскиот премиер Наџиб Азми Микати и со претседателот на Парламентот, Набих Бери.

Либан нема претседател од октомври 2022 година кога истече мандатот на дотогашниот шеф на државата Мишел Аун, а Парламентот од тогаш не успеа да обезбеди мнозинство за избор на негов наследник.

Според најавите, се очекува Фон дер Лајен и Христодулидес на своите либански домаќини да им претстават пакет економска помош за земјата за справување со проблемот стотициите илјади сириски беглаци за кои постои стравување дека би можеле да се упатат кон Кипар, во обид да дојдат на територијата на ЕУ.

Дополнително на средбите ќе стане збор и за билатералните односи, безбедносните предизвиците со кои се соочува Либан и неопходните рефоми во земјата. /МИА

Битиќи и кандидатите од ИЕ2: Во коалиција сме со граѓаните за европска Македонија

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„Ја слушнавме и прифативме пораката која ни ја упативте на 24-ти април. Го имавте тоа право и слобода да ни ја испратите таа порака во фер и демократска атмосфера, која грижливо ја градевме седум години“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Во видео пораката на Битиќи и дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2 (Марко Михаиловски, Билјана Муиќ), се вели дека имаме избирачки процес кој доликува на една европска и демократска државата.

„На избирачките места не ве принудувавме да климате со главата, кога на ВМРО ДПМНЕ идеалот им беше од типот на 'човечињата идаат и гласаат и ќутат' - имавте можност својот глас да го дадете без страв и уцени. Слободно!“, се порачува во видеото.

„Демократијата не напредува во молк и согласување, со уцени и закани, таа бара дијалог, со вас, граѓаните. Затоа и ве слушаме, ги прифаќаме критиките, се поправаме. Ние сме партија која работи и греши, но и се поправа, а за тоа имаме јасен план и програма. А тоа нема сами да го направиме, во коалиција сме со вас за да ги одбраниме нашите европски вредности и нема да се откажеме од борбата за напредна и прогресивна Македонија“, се вели во видео обраќањето на Битиќи заедно со дел од кандидатите и кандидатки за пратеници на Коалицијата за европска иднина во ИЕ2.

Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог.

Русија поднесе нацрт-резолуција во ОН со која ги повикува сите земји да преземат итна акција за да го спречат распоредувањето оружје во вселената, една недела откако Москва стави вето на резолуцијата на САД и Јапонија за ставање крај на трката со вооружување во вселената.

Руската нацрт-резолуција оди подалеку од американско-јапонскиот предлог, повикувајќи не само на напори да се запре распоредувањето на оружје во вселената, туку и да се спречи „заканата или употребата на сила во вселената“.

Нацртот вели дека ова треба да вклучи распоредување оружје „од вселената против Земјата и од Земјата против објекти во вселената“. /МИА

притисни ентер