Царовска на маалска средба во Босилово: Посветени сме на унапредување на детската заштита, платите растат

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска попладнево учествуваше на маалска средба со жителите на општина Босилово, се наведува во партиското сооштение. 

Пред присутните, Царовска изрази задоволство што за првпат во оваа општина се гради детска градинка во која ќе бидат згрижени 60 дечиња од општината.

- Како Влада се насочивме на унапредување на системот за детска и социјална заштита, кои се едни од клучните сектори за унапредување на квалитетот на сите граѓани. Затоа платите за кадарот во градинките ги покачивме за просечно над 3.000 денари, а веќе од следната плата, тие ќе добијат дополнително зголемување од 5 отсто. Од мај 2017 па до денес изградени и опремени се 24 објекти на детски градинки, а во тек е опремеување и изградба на уште осум нови градинки. Кај новите градинки посебен акцент ставаме на руралните општини во кои досега немало детски градинки, како што е и општина Босилово, истакна Царовска.

Потпретседателката Царовска се осврна на мерките од социјалната реформа која има за цел извлекување од сиромаштија, а преку која се зголемува опфатот на деца кои користат детски и образовен додаток и која обезбедува раст на социјалната помош и до 300 отсто

- И во периодот што следи ќе продолжиме на реализација на мерките што го унапредуваат системот на детска и социјална заштита и обезбедуваат квалитетни услови за живот за сите граѓани, посочи Царовска.

СДСМ останува со граѓаните. Маалските средби продолжуваат со цел да се слушнат барањата, сугестиите и потребите на граѓаните.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер