Меркел: Има шанса за излез на Британија со договор

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека се уште се надева на договор меѓу Велика Британија и Европска унија за Брегзит и покрај неизвесната политичка состојба во Лондон.

-Цврсто сум убедена дека се уште имаме шанса да го постигнеме ова на организиран начин. И германската влада ќе биде ангажирана до последен ден да го овозможи тоа, нагласи Меркел пред пратениците во долниот дом на германскиот парламент, осврнувајќи се на Брегзит.

 Таа додаде дека Германија се подготвила и во случај на „неорганизиран Брегзит, потенцирајќи дека Берлин и по Брегзит сака да одржи блиски економски и безбедносни врски со Велика Британија.

Лавров : Мировниот план на Трамп прво треба да биде проценет од меѓународната заедница

Мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Израел и палестинските територии треба да се процени на меѓународно ниво пред објавувањето, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Русија, САД , Европската Унија и Обединетите нации треба да ги оценат предлозите на планот, рече Лавров, јави руската новинска агенција Интерфакс.

„Мораме да ги почекаме официјалните предлози и да видиме од прва рака каква позиција имаат директнио засегнатите страни “, изјави рускиот министер пред новинарите во Москва.

Во последниве години, Русија презеде сè поголема улога во посредувањето меѓу Израел и палестинската власт. Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со израелскиот и со палестинскиот лидер минатата недела.

Трамп по средбата со израелескиот премиер Бенјамин Нетанјаху го објави планот на прес кнференција во Белата куќа.

Паника во Тирана и во Драч по силниот земјотрес (ВИДЕО)

Силен земјотрес е почувствуван во Тирана и Драч околу 21:15 часот.

Јачината  на земјотресот била  5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во  Драч.

Земјотресот предизвика паника кај граѓаните кои ги напуштија своите домови, известуваат албанските медиуми .

На улиците на двата града имало интензивен сообраќа од жителите , кои се обидуваат да избегаат подалеку од градот.

Засега нема информации за повредени или за причинета штета .

Силен земјотрес од 5 степени по Рихер вечерва го погоди Драч- жителите бегаат во страв (ВИДЕО)

Вечерва во 21,15 часот Драч во соседна Албанија беше погоден од земјотрест од 5 степени по Рихтер. Земјотресот е пчуствуван и во западните делови на Македонија , во Дебарскиот регион.

Телеметриската сеизмолошка мрежа наМакедонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје вечерва, 28 јануари 2020 година, во 21 часот и 15 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во соседна Република Албанија, во епицентралното подрачје Драч, 170 km југозападно од Скопје.

Според досегашните податоци, Рихтеровата локална магнитуда изнесува ML=5 степени, а почувствуван е во западните делови на Македонија, особено од населението во Дебар и околината со интензитет од III до IV степени, според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението од опсерваторијата. 

притисни ентер