Субвенции за инвертор клими во Скопје, Тетово, Битола и Кичево

Во општините во Градот Скопје, во Тетово, Битола и во Кичево, Владата согласно Планот за чист воздух ќе започне со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертор клими.

Соопшти денеска на прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Тој информираше дека граѓаните во зоните каде загадувањето е енормно, ќе користат согласно Закон, можност 100 отсто да добијат поддршка од Владата за замена на печките на огревно дрво со високо ефикасни инвертор клими.

Министерот потенцираше дека греењето со инвертор клими е еден од најеколошките начини на греење и согласно сегашните цени и далеку најекономичен.

-Би сакал да напоменам, вкупно годишните трошоци за греење, да речеме на површина од 60 метри квадратни, со инвертер клима чини 11.734 денари, доколку користите дрва тоа би чинело 18.586, или ако користите нафта за домаќинство дури 43.038 денари, рече министерот.

Освен тоа, Макрадули рече дека покрај загревањето во зимскиот период, инверор климите во летните месеци како дополнителна вредност, ќе ги ладат просториите каде што се инсталирани.

На прашање како ќе се имплементира мерката, министерот рече дека приоритет ќе имаат зони со највисоки емисии на воздухот и ранливите потрошувачи.

-Во овој момент, најцелисходна варијанта на имплементација е да се донесе законско решение во вид на ваучери во кој што граѓанинот би ја добил сумата за да може на нивен избор, во зоната каде што е општината, согласно мерките и мерењата каде е највисоката емисија, таму да се интервенира и со замена, рече Макрадули.

Што се однесува на висината на цената, тој рече дека одлуката за висината на средствата ќе ја донесат институциите во рамки на компанијата Елем, а тоа според него ќе биде релативно брзо.

Прашан како ќе се врши контрола и дали ќе следи санкција доколку граѓаните не ги почитуваат правила и продолжат да се греат со огнено дрво, Макрадули потенцираше дека ќе има казнени мерки и контроли.

-Ќе има казнени мерки и контроли. За тоа општините ќе бидат носители на мониторингот. Граѓанинот ќе склучи договор со кој се обврзува дека нема да ја користи печката за огрвено дрво. Доколку се установи дека користи огревно дрво, ќе следат санкции. Се разбира, најзаинтересирани ќе се граѓаните да ја извршат замената бидејќи ќе им е поевтино и нема да ги загадуваат нивните блиски во семејството, истакна Макрадули.

Стивен Спилберг откри за кој филм жали

Иако денес важи за еден од најуспешните режисери кои некогаш живееле, Стивен Спилберг зад себе има филмови за кои и денес жали.

И покрај тоа што работел на хорор филмовите „Jaws“ и „Poltergeist“, Спилберг смета дека вториот филм од серијата Индијана Џонс, „Indiana Jones and the Temple of Doom“, е премногу мрачен и не се гордее со тоа.

- Не бев задоволен од „Temple of Doom“. Беше премногу темно, премногу таинствено, премногу застрашувачко. Мислам дека беше пострашно од „Poltergeist“ – изјави Спилберг, пренесе „LADbible“ и додава „Нема ни зрнце мои чувства во „ Temple of Doom “. Проблемот со правењето продолженија е што не можеш да им угодиш на сите“.

Извор: Аваз

САД ќе инвестираат милиони долари да се спречи ширењето на птичјиот грип кај стоката и луѓето

Американската сојузна влада планира да потроши милиони долари за спречување на ширењето на птичји грип во стадата и фармите за млеко за да се спречи вирусот да мутира и се прошири меѓу луѓето, изјави денеска службено лице.

Според експертите, вирусот моментално циркулира низ пилешките фарми и говедата меѓутоа неодамнешното префрлање на вирусот и кај млечните крави е причина за узбуна бидејќи постои загриженост дека колку подолго се шири меѓу животните може да ги инфицира и луѓето.

-Нашата мисија е да го запреме ова како настан исклучиво поврзан со животните. Конечно, сакаме да го елминираме вирусот во индустријата и со текот на времето да развиеме вакцина за да спречиме уште една појава на N5H1 во стоката, изјави денеска министерот за земјоделие Том Вилсак.

Инвестицијата доаѓа по критиките од страна на јавните здравствени експерти до владата дека не се тестира доволно стока или работници изложени на инфицираните стада, со што се загрозува способноста на САД брзо да одговори на мутациите на вирусот. Според новиот план, владата ќе ги компензира оштетените фармери за трошоците поврзани со вирусот и ќе ги финансира напорите за негово лоцирање и следење.

Досега е забележан само еден случај на човек заразен од птичји груп, и тоа во Тексас, каде првпат беше регистрирана епидемија меѓу млечни крави.

Сега, со новите напори за лоцирање на вирусот Министерството за земјоделие (УСДА) објави дека четири дополнителни стада во Мичиген и едно во Колораде се тестирани позитивни за птичји грип со што сега се инфицирани се вкупно 42 стада во девет држави. /МИА

Белгија: Помош од 9 мил. евра за санирање на оштетената енергетска инфраструктура на Украина

Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да помогне во санирањето на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, објави денеска белгиската министерка за развојна соработка Каролин Женез.

„Со помош на ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воената поддршка, и овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина", рече министерката.

Според нејзините зборови, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, што е специјализирана за економски развој. /МИА

притисни ентер