Видео: 18 години од нападот кој го промени Светот!

Исламистите од „Ал Каеда“ на 11 септември во 2001 година го извршија најголемиот терористички напад  во историјата на човештвото.

Терористите од „Ал Каеда“ киднапираа авиони кои потоа удрија во кулите близначки во Њујорк и во Пентагон при што убија околу три илјади луѓе.

Овој терористички напад кој ја зави Америка во црно комплетно го промени светот.

Во нападите загинаа точно 2974 лица,  а во четирите киднапирани авиони настрадаа вкупно 266 луѓе.

Меѓу загинатите се и 343 пожарникари, 23 полицајци од Њујорк, уште 37 полицајци кои биле во Светскиот трговски центар, потоа 125 цивили и членови на војската во Пентагон.

Според официјалниот извештај 19 терористи припадници на „Ал Каеда“ киднапирале четири патнички авиони . Два од нив удрија во Светскиот трговски центар на Менхетн во Њујорк, по еден во секој облакодер, по што кулите близначки се срушија. Третиот авион удри во Пентагон, главното седиште на Министерството за одбрана на САД. Четвртиот авион се сруши во рурален дел во Пенсилванија 130 километри источно од Питсбург, откако патниците се обиделе да ги неутрализираат терористите киднапери на авионот. Официјалниот извештај покажува дека терористите киднапираните авиони ги претвориле во самоубиствени бомби.

Терористичкиот напад на 11 септември спаѓа меѓу најзначајните настани кои се случиле во  21 век и воопшто во историјата , поради тоа што предизвика големи воени, политички социјални и други последици за светот.

притисни ентер