3Митко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младите
Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
1Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
МакедонијаИнвестирани 1,3 милијарди денари во општините, најавени нови 78 милиони за патиштаСедумдесет и осум општини во земјава ги подобрија условите за граѓаните преку реализација на 135 подпроекти во вредност од 1,3 милијарди денари.Средствата, обезбедени од ЕУ ИПА, државниот буџет во партнерство со светска банка, се искористени во 98 проценти, ова беше посочено на денешниот завршен настан на проектот на кој беше најавено дека се разговара и за ново финансирање од 78 милиони евра наменети за патишта. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
ЕвропаПет земји ја блокираат Србија на нејзиниот пат кон ЕУНајмалку пет земји-членки на Европската унија во моментов директно ја блокираат Србија на нејзиниот пат кон ЕУ, односно не го поддржуваат отворањето на кластерот 3 во пристапните преговори на Србија за членство.Покрај Холандија, чиј претставник официјално го потврди ова за Радио Слободна Европа, меѓу земјите што се противат се трите балтички држави и Шведска. Весникот „Данас“ пишува дека овој пристап е без преседан во европската интеграција на Србија и дека претставува сериозен аларм, ако граѓаните на Србија се грижат за европската иднина на земјата. Соговорниците на „Данас“ ги посочуваат властите на Александар Вучиќ како одговорни за таквиотслучај, забележувајќи дека тој во голема мера ги потрошил сите заслуги и кредибилитет за намерата Србија да напредува по европскиот пат, со корумпиран начин на владеење и начин што ги крши човековите права и ја укинува слободата на говорот. Како што објави РСЕ, причините за спротивставување на отворањето на групата 3 главно се однесуваат на состојбата на владеењето на правото, додека во случајот на одредени земји, фактот дека Србија не воведе санкции против Русија поради инвазијата на Украина не може да се игнорира.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Здравјед-р Пиловска: Секое ноќно дежурство има јавувања за анксиозни нападиТемпературните разлики и промената на крвниот притисок многу често предзвикуваат анксиозност кај граѓание кои се почуствителни.Нема ноќ во брзата помош да помине без јавување од граѓани кои веруваат и имаат симптоми на срцев удар, а станува збор за психичка состојба. Исто така и честото будење и неспиење кое трае неколку дена може да причина и за агресија кај граѓаните, вели психијатарката и раководител на смена во брзата помош Елена Карева Пиловска. Целиот разговор со доктората Елена Карева – Пиловска за оваа важна тема ќе го емитуваме во централните вести во 18.00 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРебалансот не носи развој, туку нова неизвесност - СДСМ има амандмани за граѓанитеПредложениот ребаланс на Буџетот не носи развој, не носи повисоки плати за работниците, не носи фискална стабилизација.Ребалансот на Буџетот е уште едно признание за сите промашени економски политики, и наместо да ги корегира, да ги промени, власта ги продолжува. Економијата ќе продолжи да тоне, доаѓа уште потежок и поскап живот за граѓаните. Овој ребаланс носи поголем дефицит, поголеми расходи, нови скапи поголеми долгови, повисока инфлација, а помал економски раст. Зголемувањето на дефицитот од 3% на 4,1% не е само лош економски сигнал, туку е директно отстапување од фискалните правила и отворена врата за нови скапи задолжувања врз грбот на народот. Јавниот долг е далеку од умерен и одржлив. За две години оваа Влада создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, со што го искачи нивото на јавниот долг на скоро 11 милијарди евра. Со ребалансот домашното задолжување расте на 39 милијарди денари, а странското 101 милијарда денари. Ова значи дека до крајот на годината на годината јавниот долг ќе надмине 61,5% од БДП. Ова се долгови, милијарди за кои товарат ќе го носат идните генерации. Фискалниот простор се стеснува, инфлацијата оди нагоре, а економскиот раст надолу. Власта сфати дека и се недостижни ветените 3,8% економски раст, па направи надолна корекција на 3,1%. Значи Македонија не забрзува туку забавува, економски. Она што е уште позагрижувачко е нагорното ревидирање на инфлацијата – од 2,5 на 4,5%. И ова признание дека Владата очекува цените уште повеќе да растат, што значи поскапа храна, повисоки сметки, поскап живот. Помала вредност на платите и пензиите. Помала куповна моќ. Премиерот Мицкоски наместо да преземе конкретни мерки тој вели во четири очи со компаниите ќе ги решавал високите цени. Тоа не е државна политика тоа е манипулација и замајување на јавноста. Нема конкретна политика, ниту мерка за намалување на цените. Вистинското лице на овој ребаланс, се гледа таму каде што Владата одлучила да крати. Во сред сезона на пожари, се кратат средства во програмата А2 на Министерството за одбрана, односно парите за противпожарна заштита, и тоа од 1 милијарда се намалуваат на 770 милиони денари. И замислете ова се случува во перод кога веќе почнаа пожарите. Еве има активни пожари во Штип, Македонски Брод и на други места. Владата која секој ден зборува за демографија а со своите политики ги брка младите од земјата, со ребалансот покажа дека тоа било само лажен ПР. Кратат од средства за демографски политики и програми за младите – од 71 милион денари остануваат само 21 милион. Бизнисот повторно ќе ја плаќа цената на неспособното управување со јавните финансии. Поддршката на инвестиции“, се крати за 200 милиони денари. За социјално-ранливите граѓаните нема доволно пари. Во делот за надоместоци и права од социјална заштита ќе фалат уште 3 милијарди за да се сервисираат сите обврски. Кај заштитните друштва кои вработуват инвалиди фалат плус уште 500 милиони, затоа што предвидените 300 милиони денари што се додадени ќе се искористат за исплати од цела 2025. За оваа година нема да има пари. Капиталните инвестиции во детска заштита се намалуваат од 79 на 29 милиони денари. Исплатата на пензиите е ставена во ризик. Не се зголемени парите што се исплаќат од МТСП кон ПИОМ, фалат 10 милијарди денари за до крај на годината. СДСМ нема да поддржи ваков ребаланс кој значи само нови долгови и поголема сиромаштија. Имаме и конкретни амандмани. Во делот социјалата со нашите амандмани предлагаме зголемување на правото на попреченост и посебниот додаток за деца со попреченост. Повеќе пари во буџетот за социјалните услуги, за да нема застој во исплатите кои доцнат и по неколку месеци. Предлагаме обезбедување пари за прифатилишта на жртви за семејно насилство, бидејќи ништо не е предвидено, зголемување на парите за демографските политики и за младите, обезбедување пари за Националниот Сојуз на борци од НОАВМ и граѓаните поддржувачи. Во делот на здравството со нашите амандмани бараме повеќе пари за опрема којашто е неопходна за навремена дијагностика и достапна здравствена заштита на сите граѓаните. Во образованието, обезбедување средства за обука на наставници во училиштата и вработени во Бирото за развој на образование, за студентски оброк, ученички оброк, санација на училишта, блок-дотации во основното и средното образование. Во Министерството за одбрана повеќе пари за плати во одбраната, за пожарникари. Во земјоделството, повеќе пари за поддршка за секторот и за интервентниот фонд. Владата може да се откаже од луксузот свој и од огромните трошења и да пренамени пари за граѓаните, за стопанството. Граѓаните заслужуваат Влада што ќе инвестира во нивната иднина, а не Влада што секој месец ги задолжува за да ги покрива сопствените промашувања. Прес-конференција, Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20