ВМРО – ДПМНЕ : Истрагата што се води за ,,Рекет” е целосно компромитирана

И повторно медиумите и социјалните мрежи вријат со нов скандал поврзан со рекетарскиот октопод, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. 

Според објавеното, доверливи информации од безбедносна служба незаконски биле изнесувани за со нив да се уценува познат бизнисмен. Ова е скандалозно! Дали на тие информации и фотографии имало незаконски дејствија не знаеме, но самиот факт што тие не се процесуирани, туку се предадени на рекет - октоподот говори дека Заев ги има ставено сите институции во функција на лично богатење и политички притисоци.

Доколку на Вилма Русковска и требаа скоро четири месеци за да отвори истрага за „Рекет“ преку СЈО, колку ќе и требаат за да истражи дали постоеле незаконски дејствија со малолетнички и дали тие се прикриени само со исплата на огромни суми пари?

Кои се блиските соработници на Заев што имале допир со доверливи материјали во поранешната УБК, а кои што се неговите функционери кои се материјали можеле да му ги достават на Боки 13?

Досегашното искуство вели дека нема зошто да не се верува дека во телефонот на Боки Тредичи пишува „Многу си го обрал друже“. И дека таа порака не е од главата на октоподот!

Русковска, постои ли таква порака, од кого е и во кој период е испратена? Ако постои како порака дали е тоа испратена од Зоран Заев?

Јовески, Русковска и правосудниот систем ја навредуваат интелигенцијата на јавноста со своето неделување и селективност во расчистувањето на „Рекет“! Месеци минаа додека не почна постапка против Боки Тредичи и Зоран Кичеец. Месеци минаа, а да не беа и оние истекувања низ странските медиуми со гласот на Катица и таа сеуште ќе шеташе по одмори или медицински установи!

Правосудството во пупката на Заев игра само на една карта - како да го заштити октоподот и неговата глава?

Скандалозно е однесувањето на Обвинителството, скандалозно е однесувањето на судот, скандалозни се одлуките кои што се носат, скандалозни се изјавите на Заев во обид на амнестија на Јанева дека можеби таа и не земала пари. Преземањето мерки за „Рекет“ не е само услов за ЕУ, „Рекет“ е услов за мир и правда во земјата и стабилизирање на колапсот на економијата.

Истрагата што се води е целосно компромитирана. Наместо да се затвораат дилеми и шпекулации, секојдневно излегуваат нови детали за прикривање на докази. Одговорност за ваквото поигрување со правдата и законите мора да има и ќе има. По поразот кој што го чека на изборите целосно ќе биде расветлена улогата на Заев во рекетот и на сите негови функционери.

Стојоски собори државен рекорд во дисциплината 400 метри со пречки стар 44 години

Јован Стојоски е нов македонски рекордер во дисциплината 400 метри со пречки. 

На Меѓународниот турнир во Марибор викендот Стојоски патеката 400 метри со пречки ја истрча за 53,56 секунди.

- Освоено прво место на Меѓународниот митинг во Марибор. Ова е моја втора трка во оваа дисциплина. Сега имам девет државни рекорди, објави Стојоски на својот фејсбук-профил.

Досегашниот државен рекорд на оваа делница изнесуваше 55,11 секунди поставен 1980 година.

Во Штип одржана манифестацијата „Велигденски игри без граници“

Во ЗОО парк „Бриони“ во Штип денеска се одржа манифестацијата „Велигденски игри без граници“ во која учествуваат деца од штипските градинки. 

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Кирил Зајков вели дека во соработка со локалната самоуправа и градинките денеска по третпат се организира „Велигденски игри без граници“ и се надева дека ќе прерасне во традиција.

-По повод велигденските празници, ЗОО парк „Бриони“ во соработка со Општина Штип и градинките во општината го организира третиот по ред настан „Велигденски игри без граници”. Настан во кој учествуваат децата, настан од децата за децата, настан во кој имаме разни игри со цел анимација на децата, славење на велигденските празници на симболот на христијанството и јајцата. Овој настан преминува во традиција во кој ние како ЈП „Исар“ учествуваме во организацијата заедно со Општина Штип и се надеваме дека ова прекрасна традиција ќе продолжи и во годините кои следуваат, рече Зајков.

Гордана Сиљановска- Давкова на трибината на тема "Жени"

Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.

Таа истакна : Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци.

Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат.

притисни ентер