Утре на лидерска средба Заев и Мицкоски за конечната верзија на Законот за ЈО

Утре на лидерска средба во Собранието ќе треба да се постигне конечниот договор за Законот за јавно обвинителство , дознава Канал 5.

За утре во 20 часот во Собранието е закажана најпрвин средба на работните групи. Па доколку има потреба ќе се одржи и тет а тет средба на лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

На средбите се очекува да се постигне финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство и со тоа да се реши судбината на Специјалното.

Во телевизиско интервју Мицкоски синоќа најави и дека ќе ја отвори темата за предвремени парламентарни избори.

Од ВМРО –ДПМНЕ го потврдија одржувањето на лидерската, но нагласија дека освен за Законот за јавно обвинителство, тема ќе бидат и предвремените избори. Од партијата велат дека темата предвремени избори биле услов за одржување на лидерската.

Заев вчера во пораката за Денот на независноста меѓу другото изрази и увереност дека земјата има капацитет со двотретинско мнозинство да го донесе и Законот за јавно обвинителство.

,,Сите случаи и евентуални случаи на криминал и корупција, како во развиените земји, мора да добијат ефикасна, праведна и правична разврска. Тоа го очекуваат граѓаните и со тоа ќе дадеме дополнителни аргументи на ЕУ, дека сме и ние цврсто определени кон правдата и изградбата правна држава, истакна премиерот.

Поради скратените рокови Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.

Мик Џегер на концерт во Лујзијана го прозва гувернерот за инклузија- експресно му одговори

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата.

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата, додека „Ролинг Стоунс“ настапувале на фестивал во Њу Орлеанс, пренесува АП.

Бендот ја заврши песната „You Can't Always Get What You Want“ за време на настапот во четвртокот вечерта, кога Џегер почна да зборува за инклузија, објави Асошиејтед прес, цитирајќи медиумски извештаи од Њу Орлеанс.

„Сакаме да го вклучиме и него. Дури и ако сака да нѐ врати во каменото доба“, рече Џегер за гувернерот Џеф Ландри.

Лендри (53) е републиканец поддржан од Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, а откако беше повикан, тој му одговори на Џегер:

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш. Единствената личност која веројатно може да се сети на каменото доба е Мик Џегер. Те сакам пријателе, секогаш си добредојден во Луизијана!“.

Велигденска порака на Арихепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење...

Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога, се вели во посланието на Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

притисни ентер