Претседателот Пендаровски прими членови на Стопанската комора Македонија – Турција, МАТТО

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, прими членови на Стопанската комора на Македонија – Турција, МАТТО.

На средбата, претседателот Пендаровски ја истакна поддршката на турските компании за македонската економија и нивниот директен придонес за подобрување на стандардот на граѓаните.

Претседателот Пендаровски посочи дека во фокусот на неговото работење ќе биде подобрување на економските состојби во земјата, бидејќи како што истакна, е неопходно сите повеќе да се посветат на економијата, имајќи предвид дека задача на секој политичар е да работи исклучиво во интерес на народот.

„За неколку месеци, со полноправното членство во НАТО нашата држава ќе ја заокружи својата безбедност и ќе стане земја со предвидлива иднина. Знам дека за секој потенцијален инвеститор стабилноста на земјата е клучен предуслов. Подеднакво е важно земјата да нема отворени билатерални прашања со своите соседи. Македонија и во овој сегмент ја заврши својата работа", рече претседателот Пендаровски.

Претставниците на Рамстор, ТАВ Македонија, Халк Банк, Џевахир Холдинг, Сити Плаза, Бис Оил, Еуролинк и на млекарата Суташ ја поздравија отвореноста на претседателот Пендаровски, како и неговата подготвеност политичката дебата во земјава да се замени со дискусија за економија.

Тие посочија дека претставуваат мост меѓу Македонија и Турција и дека постои простор и расположение за уште поголемо продлабочување на економската соработка. Компаниите го информираа претседателот Пендаровски дека во последнава декада инвестициите од Турција во земјава достигнале 2 милијарди долари и дека трговската размена меѓу двете земји е над 5 милијарди долари.

Бизнисмените од претседателот Пендаровски побараа и натаму да се заложува за политичка стабилност и политичка предвидливост во земјата, бидејќи тоа ги охрабрува компаниите да ги зголемат инвестициите.

Претседателот Пендаровски рече дека ќе се заложи за теоретско и практично подобрување на Договорот за слободна трговија, којшто го потпишале двете земји пред речиси 20 години, имајќи предвид дека на тој начин уште повеќе ќе се зголеми трговската размена меѓу Македонија и Турција, што во крајна линија ќе резултира со подобрување на стандардот на граѓаните на земјата.

Заврши драмата во Италија: По 44 часа закана, момче се откажа до намерата да скокне од балкон

Млад човек (23) од Пескара, Италија, кој се заканувал дека ќе скокне од терасата на својот стан, по 44 часа преговори се откажал под изговор дека е уморен.

„Доста ми е, уморен сум“, им рекол на полицајците и се симнал од оградата на терасата на која балансирал речиси два дена, објави АНСА.

Момчето од 28 февруари во 14 часот и 30 минути стоело на работ од оградата на терасата, а причините се уште не се познати.

Откако се симнал, влегол во куќата и им ја отворил вратата на специјалците на кои им рекол дека му е доста. Го завиткале во ќебе и заедно со кучето го извадиле од станот.

Екипата на итната помош му пружила соодветна нега и тој е префрлен во болница.

Георгина направи фустан од дресот на Роналдо и прошета по модната писта (ФОТО)

Георгина Родригез, партнерката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, привлече големо внимание на Модната недела во Париз поради изборот на облека во која прошета по пистата.

Оваа шпанска убавица вчера вечер беше на модната писта, на ревијата на Vetements, облечена во фустан од дресот на Роналдо со потпис и посебна посвета на актуелниот играч на Ал Наср.

Медиумите пишуваат дека овој фустан е пример за „блоккор“ кој комбинира спортска мода со урбана облека, а на задната страна пишувало:

- За љубовта на мојот живот, Георгина и Ветементс - потпишан од Кристијано Роналдо.

На Георгина, инаку, не и е непозната Модната недела, бидејќи претходно присуствувала на некои од најголемите модни ревии. Сепак, ова е прв пат да прошета со некој од брендовите. Сите се согласуваат дека нема да и биде последен настап.

Во сообраќајка кај Колари синоќа загина 46 годишник од Скопје, со возилото излетал од патот

Во сообраќајна несреќа вчера околу 18 часот на магистрален пат Кичево – Гостивар кај селото Колари животот го загуби 46 годишник од Скопје, откако со возилото што го управувал излетал од патот. 

Во сообраќајката со тешки повреди се здобила малолетна сопатничка во автомобилот.

-На 01.03.2024 во 18.20 часот во полициската станица Кичево, пријавено е дека на магистрален пат Кичево – Гостивар, кај селото Колари, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(46) од Скопје, излетало од коловозот. Притоа, тој од здобиените повреди починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Кичево, информираше СВР Охрид.

Увид на местото извршила увидна екипа од Одделението за внатрешни работи Кичево.

притисни ентер