Скопјани уште денеска можат да предлагаат нови имиња за улиците, мостовите, плоштадите

Скопјани уште денеска можат да предлагаат нови имиња на улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти во главниот град.

Граѓаните ќе имаат можност да предлагаат само имиња на топоними, но не и локации кои би биле именувани со овие имиња.

Анкетата за доставување за прибирање предлози за нови имиња на топоними (улици, булевари, мостови, плоштади, паркови и други инфраструктурни објекти) ја објави Град Скопје на 29 јули годинава, а отворена е до денеска, 18 август.

На веб-страницата на Град Скопје е објавен онлајн-прашалник преку кој на граѓаните им се овомзожува да испраќаат свои предлози за топоними преку интернет, со одговарање на неколку прашања, или ќе треба да одвојат помалку од пет минути. Оние граѓани што не користат интернет, имаа можност своите предлози преку пошта да ги испраќаат до Град Скопје, најдоцна до денеска.

Согласно Законот за определување имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, имињата на градските топоними „можат да бидат определени со географско, етнографско, историско и друго обележје, име на истакната личнсот од областа на историјата, науката и културата, други погодни имиња, како и со име на значаен настан и датум врз основа на листа на имиња".

Предложените имиња од граѓаните ќе ги разгледува Комисија за именување на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје, што има задача да ја состави листата на имиња во согласност со одредбите на овој Закон. Листата во форма на предлог се доставува до Советот на Град Скопје, кој ја утврдува по претходно добиени мислења од општините во согласност со Владата.

Комисијата за именување на улици, полоштади, мостови и други инфраструктурни објекти на Советот на Град Скопје ќе ги разгледа предлозите на граѓаните, но нема обврска сите нив да ги вклучи во листата што ќе му биде предложена на Советот.

Постои голем интерес кај скопјани да се вклучат во анкетата. Граѓаните со кои МИА разговараше, велат дека веќе го пополниле онлајн-прашалникот. Нивните предлози, како што ни изјавија, најчесто се однесуваат за личности кои придонеле за афирмација на Скопје и на државата. Меѓу предлозите се Тоше Проески, Есма, Горан Стефановски, Ванчо Петрушевски…/МИА

Репортажа од Војница, село кое пред секои избори добива по 1 километар асфалт на земјениот пат

Канал 5 и денеска го продолжува циклусот на приказни за избирачки места со симболичен број гласачи.. 

На 15-тина километри од Велес во општина Чашка е родното село на поетот Коле Неделковски селото Војница, револуцинерното јадро на македонските одреди кои се бореле за слобода. Симбол на борбеност решителност и слобода. Денеска селото Војница на избирачкиот список е местото со две избирачки места каде право на глас имаат 18 гласачи. Во избирачкото место 2237 и 2238 гласаат жителите на Војница и Крајници.

Гласичките места се во спомен куќата на поетот Коле Неделковски. Во малата соба стојат спомените за неговиот живот и борба. А на зидот стои и фотографијата каде Неделковски го дал својот живот за слобода. Дел од куќата е во лоша состојба ја одржуваат добронамерници од селото. До пладне имаше гласано еден гласач. Васка Мирчевска живее во селото. Да помине жештината и ќе гласа вели правото треба да се исполни но и политичарите треба да мислат на сите граѓани. А природата и историјата може да бидат место каде ќе живеат и луѓе ќе имаат и работа. Во селото има безброј куќи, но луѓе малку.

Голем дел ги користат како викенд куќи. А најголем дел од куќите сведочат за времето кога имало живот, а денеска останале само спомени.

Селото се наоѓа од левата страна на патот Велес Чашка и од овој пат до селото има седум километри. Од делот од асфалат скоро еден километар има земја. Токму за овој дел од патот веруваат дека до следните избори ќе биде асфалитран и ветувањата со години ќе бидат целосно исполнети.

За да се избере претседател, неопходна е излезност од 40%, односно да гласаат 725.727 граѓани

За да се добие претседател во вториот изборен круг неопходно е да излезат над 725 илјади граѓани..

Колку актуелната излезност е индикатор дека ќе се исполни цензусот, анализира Јован Ѓорговски, кој ќе направи и паралела за одѕивот на денешниот и поранешните циклуси од парламентарните избори..

Јован, што вели денешниот тренд, ќе ја имаме ли неопходната излезност за изборите за шеф на државата?

МВР: Мирен изборен ден со помали инциденти и нерегуларности

Генерално мирен изборен ден нотираат и од МВР и од Јавното обвинителство..

Со деталите од пред Министерството за внатрешни работи во живо го имаме Михајло Видимлиски..

Михајло, која е општата оценка на МВР денеска?

притисни ентер