Аеродромот во Хонг Конг повторно работи, протестите се уште траат

Два дена по проблемите во редовниот сообраќај, поради антивладините протести на терминалите, на аеродромот во Хонг Конг повторно е воспоставен  редовниот авионски сообраќај.

Раководството на аеродромот соопшти дека добило дозвола на демонстрантите привремено да им  го забрани влезот на одредени подрачја од аеродромот.

Повеќе од 30 демонстранти и понатаму се во делот од аердоромот за заминување, ден по масовните протести и насилства поради кои беа откажани повеќе од 100 летови.

Во соопштението од раководството  се наведува дека еден дел од аеродромот е наменет за  демонстрации, но и дека нема да биде дозволено да се протестира надвор од тој дел во другите делови од аеродромот, пренесе АП.  

Од утре почнува со работа патарината кај Гевгелија

Новата наплатна станица Гевгелија од утре ќе започне со работа.

Како што соопштија вечерва од АМСМ,  патарината ќе започне со работа од 7 часот изутрина.

Според ценовникот на Јавното претпријатие за државни патишта – ЈПДП, цената за возила од Б категорија со две осовини ќе изнесува 100 денари додека при готовинско плаќање во евра таа ќе изнесува 2 евра. 

Ужас во Сараево -15 годишно момче со секира убил тинејџер

Момче на 15 годишна возраст , по кавга и физичка пресметка , со секира убило 17 годишно момче .

Во сараевската населба Сарај Поле околу 19 часот се случи трагедија , кога 15 годишно момче уби 17 годишник.

На убиството му претходела кавга и тепачка , по што едно лице завршило во болница.

Во тек е увидот и истрагата за овој случај што ја потресе БиХ.

Со дефиле како пред 75 години , Париз го одбележа ослободувањето од нацистите (ВИДЕО)

Париз денеска ја одбележа 75. годишнината од ослободувањето од нацистичката окупација во Втората светска војна.

Со дефиле со американски тенкови и други воени возила  од времето на Втората светска војна , со оддавање почит на припадниците на Движењето на отпорот и со дигање на француското знаме на Ајфеловата кула , Париз се сети на денот на ослободувањето .

Пожарникарите го подигнаа знамето на Ајфеловата кула во знак на сеќавање кога француската тробојка ја замени нацистичката.

притисни ентер