Кој е Ларис Гајсер?

Објавувањето на снимките за случајот „Рекет“ му донесоа голема популарност во земјава на словенечкиот  политички аналитичар Ларис Гајсер.

Неговиот „Фејсбук“ профил е буквално затрупан со коментари и покани за пријателство. Тој се извини дека лимитот е достигнат и не може да прифати нови пријатели. Се обидовме да стапиме во контакт со Гајсер, но до почетокот на вестите не ни одговори на прашањето дали ќе продолжи и следните денови да објавува материјали за „Рекет“.

Според биографија Птујчанецот Ларис Гајсер по професија е геополитички аналитичар, менаџер и економски советник. Хонорарно пишува колумни и за Дело, Штаерски Тедник, Либеро. Меѓудругото тој е и политички активен. Учествувал на изборите во Словенија во 2011 како кандидат на десничарската партија СЛС.

Во 2015тата станува дел од претседателство во Паневроската Унија. Во своите текстови често пишува за Сорос, а бил и неколку пати во земајва каде што снимал видео колумни во екот на референдумот за името и уставните измени.

Медиумите во земјава веќе пишуваа дека весникот „Ла Верита“ вежи за крајно десничарски и близок до Савини. Дел од аналитичарите оценуваат дека преку текстовите на Гајсер во весник, не само што го развива случајот „рекет“ туку тие имаат за цел и да ја компромитира меѓународна заедница, пред се ЕУ и САД, кој своевремено силно застанаа зад Катица Јанева за прв човек на обвинителството кое требаше конечно да расчисти со криминалот во Македонија.

Гајсер вели дека ова го прави со цел да се дознаела вистината за земјава и да помогне во борбата против криминалот.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер