Она што е ново е дека оној што го зема лекот во името на некој друг мора да ја приложи и својата лична карта, објасни првиот човек на фондот за здравство Ден Дончев за Канал 5. Недоволните објаснувања и молкот од страна на фондот за здравство е една од причините за недоволните информации за укинувањето на квотите за лекови, се коментира на социјалните мрежи, кои од вчера станаа уште покритични откако министерот за здравство Венко Филипче рече дека секој лекот мора лично да го земе. Тој денеска со дообјаснување дека доколку некој не може да го земе лекот, тоа може да го направи негов роднина или близок.
Од денеска во Охрид, Струга, Ресен, Дојран се укинуваат квотите за лекови. Тоа значи дека секој мора да го добие лекот, а укинувањето почнува од турситичките места, бидејќи во летниот период лекови земаат и граѓани кои одат на одмор и на рецепт земаат лекови од тамошните аптеки. Со укинувањето на квотите се очекува да се намали пронаоѓањето на „нелегалниот пат“ да се земе кутија повеќе лек.