Мицкоски: Економијата тоне, владата преку буџетот има намера да ги корумпира гласачите

Економската и финансиска моќ на граѓаните и компаниите се катастрофални, наспроти блескавите сценарија на власта, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Според него економијата во сите сектори оди во надолна линија. Буџетот е во катастрофална состојба. Мицкоски обвини и дека намерно не се трошат сите пари за капитални инвестиции, за пред изборите со нив да се поткупуваат гласачите..

– Преку буџетот има намера да ги корумпира граѓаните и гласачите, затоа стана и министер. Капиталните расходи по половина година се само дваесетина проценти, ќе останат неинвестирани 500 милиони евра и тие пари ќе одат за трансфери месеци пред избори играјќи на картата на кратко помнење на граѓаните – рече Мицкоски.

Лидерот на опозицијата повторно повика на предвремени избори, а како датуми ги нуди почетокот на април или крајот на мај следната година. Смета дека на тој начин вистински ќе се проверат владините економски достигнувања.

Мицкоски денеска ја опиша атмосферата на средбите меѓу работните групи од власта и опозицијата, велејќи дека на тие средби се забележува чувство на одмазда и атак кон ВМРО-ДПМНЕ. Тој сепак изјави дека е оптимист и дека очекува да се постигне договор за Законот за јавно обвинителство, кој ќе го одреди идниот статус на СЈО. паралелно се одвиваат и средби меѓу работните групи за пописот и за измените во Изборниот законик, но одби да каже кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за промената на изборниот модел.

Израел почнува нови напади врз Газа во време додека траат преговорите за примирје

Израел денеска нападна цели во Појасот Газа, откако вчера ја презеде контролата врз главниот граничен премин кон Египет, земја во која преговарачите се обидуваат да ја искористат својата последна шанса да придонесат за договор за прекин на огнот.&nb

По неколку недели објавување на почетокот на копнената офанзива на пограничниот град Рафах, и покрај меѓународното противење, израелските тенкови вчера влегоа и презедоа клучен премин за испорака на помош на опколената палестинска територија.

Белата куќа го осуди нарушувањето на хуманитарните испораки.

Влегувањето во јужниот град Газа преполн со раселени цивили доаѓа додека посредниците во Каиро се обидуваат да постигнат договор за ослободување на заложниците и примирје во седуммесечната војна меѓу Израел и екстремистичкиот Хамас.

Анонимен функционер на Хамас предупреди дека тоа е „последната шанса“ на Израел да ги ослободи десетиците заложници што сè уште се држат во Газа.

Египетскиот „Ал-Кахра њуз“ објави дека сите страни, вклучително и Израел, се согласиле да ги обноват преговорите, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно изјави дека израелската делегација е веќе во Каиро.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, оцени дека тоа не е безначајно.

И покрај разговорите во египетскиот главен град, очевидци и локална болница известија за израелски напади низ Појасот Газа минатата ноќ и утринава, вклучително и околината на Рафа.

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети во текот на изминатата ноќ

Украина соопшти дека соборила 59 од 76 руски дронови и ракети истрелани во текот на изминатата ноќ.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле неколку десетици ракети и дронови лансирани од Русија претходната ноќ низ целата земја, како дел од нападот насочен кон енергетските инсталации.

- Непријателот (Русија) употреби 76 средства за воздушен напад – 55 проектили и 21 јуришен дрон, соопштија украинските сили на Телеграм, додавајќи дека нејзините системи за противвоздушна одбрана пресретнале 39 проектили и 20 беспилотни летала.

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко утринава соопшти дека руските сили во текот на претходната ноќ извршиле нов „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, во кој се повредени најмалку шест лица.

Веќе 4 часа Македонија гласа на претседателските и парламентарни избори

Канал 5 од раните утрински часови  го следи изборниот процес.  

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица, а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.

Канал пет утринава беше на избирачките места во Карпош и во Аеродром , а во моментов екипата е на избирачко место во Општина Центар, во ООУ Киро Глигоров е Игор Манасиевски.

Игор како тече изборниот процес ?

притисни ентер