Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата
1Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата
Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
1Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни
МакедонијаЕКСКЛУЗИВНО: Верен гледач на Канал 5 ја „лоцираше“ Катица Јанева на грчките плажи?Додека јавноста се уште е во „нокдаун“ од големината на скандалот „ Рекет“ , првата обвинителка на СЈО, во оставка, наводно денес е видена видно расположена на грчките плажи.Имено, анонимен гледач на нашата ТВ куќа, кој не сакаше да го открие својот идентитет, ни ја испрати оваа фотографија, за која ни рече дека е направена денес попладнево, во Грција, на една плажа на првиот крак, поточно во познатото излетничко место Ханиоти Канал 5 ТВ остава можност дека фотографијата не е направена денес и на тоа место, но сепак, се надеваме дека останати наши гледачи и читатели ќе можат да ја потврдат или негираат оваа фото-информација. Како и да е, редакцијата на Канал 5 и посакува пријатен и мирен летен одмор на г-ѓа Јанева. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТрајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата Трајно решение за професионалните војници со навршени 45 години – Мисајловски најави нова реформа во Армијата со која засекогаш се става точка на непредвидливоста за професионалните војници.Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (20 октомври) на прес-конференција во Владата најави реформа во македонската Армија со која на професионалните војници кои навршуваат 45 години старост им се отвора нова можност со која ќе можат да продолжат да работат во рамки на Армијата сè до нивно пензионирање. Тоа, рече Мисајловски, е трајно решение кое ги решава предизвиците со кои се соочуваа професионалните војници во македонската Армија. „Ова решение засекогаш после повеќе децении ги решава предизвиците со кои се соочуваат професионалните војници. Професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат сè за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што им се потребни на граѓаните. Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужено ќе можат да бидат задоволни и да бидат сигурни во својата иднина и по 45-тата година“, истакна министерот. Тој додаде дека освен оваа нова можност, во сила остануваат и досегашните можности за испратнина во висина од две просечни плати за секоја година мината во Армијата, како и можност за вработување во органите на државната и локалната власт. Деталите на реформата ги објасни началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски кој истакна дека оваа дополнителна можност овозможува професионалните војници да останат во Армијата како дел од обезбедувањето на имотот и лицата во касарните и гарнизоните на Армијата. „Со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници коишто навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време. Со ова предлог решение всушност многу важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и во касарните ќе биде преземена токму од професионалните војници коишто ќе бидат распоредени во единиците коишто ќе бидат одговорни за обезбедување на имотот и лицата во касарните и во гарнизоните“, истакна началникот на Генералштаб. Генералот Лафчиски додаде дека ставот на сите генерали и офицери кои имаат командни и раководни должности е дека не постои подобар и пообучен персонал за извршување на овие задачи од професионалните војници кои ќе одлучат да останат во рамките на Армијата како цивилни лица. Согласно заклучоците донесени на Влада, Министерството за одбрана во рок од еден месец треба да ги поднесе измените на армиската формација до претседателката и Врховен командант на Армијата, додека истовремено се врши и измена на Правилото за обезбедување на објекти, материјални средства и луѓе на Армијата. Реформата поддржана од претседателката и врховен командант на Армијата е резултат на заедничката работа на Министерството за одбрана со синдикални здруженија во одбраната, како и на опсежна анализа на Генералштабот на Армијата, со што се гарантира нејзината долгорочна одржливост, соопштуваат од МО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуски напад со дронови среде сообраќајниот шпиц кај Киев, има загинати (ФОТО)Најмалку три лица загинаа, а четворица се повредени во напад со руски дрон што утринава погоди колона возила во областа Холосиевски во Киев.Локалните власти ја потврдија информацијата, објавува Киев Индепендент. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека дронот се урнал во близина на бензинска пумпа. Украинската државна служба за вонредни ситуации објави детали за жртвите и рече: „Непријателот повторно цинично напаѓа цивили. Зад секој таков удар стојат човечки животи, болка и уништени судбини.“ Обвинителството на Киевската област објави фотографии од местото на нападот, на кои се гледаат неколку запалени автомобили по автопатот Киев-Одеса. Обвинителството соопшти дека започнало истрага за инцидентот за кршење на законите и обичаите на војување. Украинските служби за вонредни ситуации објавија уште еден напад што се случил порано тоа утро. Три лица загинаа, а најмалку шест други беа повредени во напад врз производствен и магацински објект во Обухив, град јужно од Киев. Гувернерот на регионот Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека меѓу жртвите се две жени и еден маж. Тој додаде дека пожарот во погодениот објект е изгаснат. Через російську атаку на автодорозі Київ–Одеса загорілися дві легкові автівки! Троє людей загинули, ще четверо травмовані! Ворог вкотре цинічно атакує цивільних людей. За кожним таким ударом — людські життя, біль і зруйновані долі. https://t.co/rdba2ZAYWV — DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) October 20, 2026 Според соопштението на украинските воздухопловни сили, Русија ја нападнала Украина со 165 беспилотни летала „Шахед“ и други беспилотни летала во текот на ноќта меѓу 19 и 20 октомври. Од нив, 105 биле со млазен погон. Воздухопловните сили соопштија дека 115 руски беспилотни летала биле соборени или електронски неутрализирани на 30 локации, од кои 73 биле со млазен погон. Киев и другите градови се повеќе се цел на беспилотни летала со млазен погон, кои беа поретки минатата зима. Овие авиони се побрзи и летаат на поголеми височини од постарите руски модели со пропелер, што ги прави потешки за пресретнување од страна на украинската воздушна одбрана.Тагови: дрон Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
ЕвропаРама: Ова е хибридна војна, никој не може да ме собори со насилствоАлбанските студенти влегоа во осмиот ден од масовните протести во Тирана, а утринава им се приклучија и универзитетските професори, кои заедно маршираа кон зградата на Владата. Премиерот Еди Рама се обиде симболично да понуди дијалог, поставувајќи празни столчиња пред својот кабинет, но демонстрантите ги отстранија, порачувајќи дека нема компромис без оставки и системски реформи. Изминатите денови демонстрантите фрлаа камења, петарди и молотови коктели, додека полицијата интервенираше со солзавец и водени топови. Според албанските медиуми, билансот од повеќедневните протести е над 300 повредени и стотици приведени лица. Меѓу повредените има околу 190 полицајци, 88 демонстранти и 31 случаен минувач. Во немирите има и запалени објекти и голема материјална штета. Албанскиот премиер тврди дека насилните протести се злоупотребуваат за хибридна војна, дестабилизација на земјата и попречување на евроинтеграциите, најавувајќи строги санкции за учесниците во насилствата. 🇦🇱 Las protestas masivas contra el gobierno en la capital de Albania, Tirana, siguen desde hace varias semanas, causando importantes daños y lesiones. Enfrentamientos diarios en las calles entre los manifestantes y la policía albanesa. https://t.co/nwIFSjQVdz — † Rafa Folgado נוֹצְרִי🇪🇸✋️ (@elsoberado) October 20, 2026 -Наставници, наставници! Оние што ги земаат учениците и ги изведуваат од училиштето, како што се случи во Лежа. Таа наставничка и тие наставници повеќе нема да ја видат вратата на училиштето. И повеќе нема да имаат никаква улога како државни службеници. Никогаш повеќе во државна служба! На сите семејства на тие малолетници им велам: Ќе платите! Финансиската сметка за сета таа штета ќе ве следи до крај. Оние студенти што излегуваат и вршат насилство врз државната полиција нема да добиваат стипендии, нема да имаат финансиска поддршка од државата. Ако сакаат да го продолжат студирањето... откако фрлале камења!- изјави – Еди Рама, премиер на Албанија Главниот и одговорен уредник на „РТШ 24“, Нолјан Лоле, за Канал 5 вели дека состојбата во Тирана се смирува, иако протестите продолжуваат. Според него, предупредувањата на Рама се насочени кон малолетните демонстранти, за кои власта најавува и законски измени. -Овие предупредувања и закани главно ги упати кон најмладите, бидејќи на протестите има тинејџери од 14, 15 и 16 години кои се приведени од полицијата, а полицијата не може да ги процесира и да разликува кој е под, а кој е над 18 години. Затоа ги даде тие закани. И денеска кажа нешто дополнително: дека ќе се менуваат Кривичниот законик и кривичното законодавство во Албанија. Досега морате да имате 18 години за да завршите во затвор, а сега тој најавува дека и лица од 16 години би можеле да се соочат со кривични обвиненија – објаснува новинарот,- изјави – Нолјан Лоле, главен и одговорен уредник на „РТШ 24“, Албанија. Според Лоле, протестите и понатаму имаат поддршка од граѓанскиот сектор, но таа поддршка не значи и оправдување на насилствата што изминатите денови ја потресоа Тирана. -Граѓанскиот сектор ги поддржува протестите, но се противи на насилството. Тоа е најпрецизниот начин да се каже – вели– Нолјан Лоле, главен и одговорен уредник на „РТШ 24“, Албанија. Во меѓувреме, немирите и протестите продолжуваат и во други европски земји. Во Франција, по насилните судири со полицијата, во делови од Париз и други градови е воведен ноќен полициски час, а најавени се и засилени истраги. Тензично е и во Италија, каде по дводневните немири во Милано се приведени 271 лице, од кои 220 малолетници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook