Средбата предизвика голем интерес кај македонската јавност, имајќи предвид дека Будимпешта е градот каде се наоѓа азилантот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но според информациите, тој ниту присуствал на неа.
Мицкоски беше пречекан на државно ниво во резиденцијата на Орбан, која се наоѓа во замокот „Кармелита“.. Од она што беше официјално соопштено од партијата Мицкоски изразил загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.
Неофицијално, пак, дознаваме дека на средбата станало збор и за размена на информации поврзани со конкретни докази за постоење на криминал и корупција на македонската Влада, по низата скандали кои се случија и се врзуваат со владата на премиерот Зоран Заев.