Мицкоски во работни посети на Австрија и Унгарија - Канал 5

Мицкоски во работни посети на Австрија и Унгарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска и утре ќе отпатува во работна посета на Австрија и Унгарија.

Мицкоски во работни посети на Австрија и Унгарија

Како што соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, при краткиот престој во австрискиот главен град Виена, Мицкоски ќе има средба од научен карактер, размена на искуства и информации поврзана со неговата професорска дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј".

Во Будимпешта, пак, Мицкоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ќе се сретнат со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– На средбата се очекува да се разговара за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на претстојниот Конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство, се наведува во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ најавува и дека на 2 август – Илинден, Мицкоски ќе се обрати на народниот собир во струшкото село Ташмаруниште, додека Николоски ќе ја предводи партиската делегација на прославата на Мечкин Камен во Крушево. Во исто време, партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе положи свежо цвеќе и на народниот собир и прослава на Пелинце. /

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Четворица навивачи на Атлетико Мадрид се осудени на вкупно 64 месеци условна затворска казна за злосторства од омраза против напаѓачот на Реал Мадрид и на бразилската репрезентација, Винисиус.

Условни затворски казни за навивачите кои обесија кукла со ликот на Винисиус

Инцидентот се случи во јануари 2023 година кога четворицата навивачи на Атлетико закачија црна кукла облечена во дресот на Винисиус на еден од градските мостови, со натпис „Мадрид го мрази Реал“ пред натпреварот меѓу Атлетико и Реал во Купот на Шпанија.

Првиот обвинет е осуден на вкупно 22 месеци, од кои 15 месеци за злосторства од омраза и дополнителни седум месеци за закани и споделување фотографии од стореното кривично дело преку интернет, додека преостанатите тројца се осудени на по седум месеци за злосторства од омраза и по седум месеци за закани.

Сите четворица осудени потпишаа писмо со извинување упатено до Винисиус, Реал, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација./MИА

притисни ентер