За прв пат во сезоната без ниту еден пен останаа и двајцата возачи на Мерцедес, шампионот Луис Хамилтон и Валтери Ботас. хамилтон водеше до 30. круг , кога имаше контакт со оградата и лошо влезед во боксот , каде помина повеќе од една минута.
Потоа уште еднаш Британецот се сврте на патеката , така што трката ја заврши дури на 11. место. Ботас во 58. круг излета и ја заврши трката предвреме.
Нивните грешки најдобро ги искористи Верстапен , кој дојде до својата седма победа во кариерата .
Најголем успех , сепак постигна Себастијан Фетел во Ферари , кој ја почна трката како последен , а ја заврши на второто место.
Хамилтон и Ботас со 223 , односно 184 поена и натаму водат во генералниот пласман.