Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки, 5,4 милиони евра за нови работни места со вториот повик од Оперативниот план за вработување 2026
2Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки, 5,4 милиони евра за нови работни места со вториот повик од Оперативниот план за вработување 2026
Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
2Видео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка
МакедонијаМицкоски: Подготвен сум да репреговарам за Преспанскиот договорПретседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски би репреговарал за Преспанскиот договор доколку стане премиер и има таква иницијатива од грчка страна. Откако се смени власта во Грција и нов премиер е неговиот колега од европската десница лидерот на Нова Демократија Мицкотакис, кој е жесток критичар на договорот, се актуелизира прашањето дали е можно конечната спогодба да претрпи измени. Според досегашните изјави и новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис е за ревидирање, но еднострано поништување рече дека не е возможно. -Сето она што е во насока на подобрување, на зголемување на квалитетот и враќање на изгубените позиции кои овој уценет премиер под притисок ги потпишал, ние сме тука да ги репреговараме и да ги вратиме. Јас сум подготвен со секого да разговарам, немам никаква дилема. Јас сум на браникот на одбрана на македонските национални интереси и интересите на македонската држава и не се повлекувам од таа точка,изјави – Христијан Мицкоски – престедател на ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски денеска присуствуваше na асвалтирање на улици во општина Петровец, каде што градоначалник е Борче Митевски од ВМРО ДПМНЕ. Лидерот на партијата го пофали градоначлналникот за успешното раководење со општината и користење на ИПА тфондовите, и ги повика останатите градоначлници да го следат неговио пример. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаЏонсон Мети во Македонија прославува 170 милиони произведени парчињаВодечката фабрика на Џонсон Мети го прослави производството на својот 170-милионити производ во Скопје, важно достигнување што ја покажува континуираната извонредност на фабриката во текот на 17 години во производството.Водечката фабрика на Џонсон Мети го прослави производството на својот 170-милионити производ во Скопје, важно достигнување што ја покажува континуираната извонредност на фабриката во текот на 17 години во производството и реалното влијание што го има врз почистиот воздух низ целиот свет. Ова достигнување е одраз на години континуирано подобрување, тимска работа и усовршување на техничките вештини во најголемата глобална производствена локација на компанијата. Секој произведен дел во Скопје помага во намалувањето на емисиите од автомобилите, овозможувајќи им на производителите на возила да ги намалат штетните загадувачи и да ги исполнат сè построгите стандарди за емисии. „Овој 170-милионити производ е почит кон вештината и посветеноста на нашите луѓе во Македонија“, рече Зоран Николов, новиот менаџер на фабриката на Џонсон Мети во Скопје. „Секој производ што го произведуваме придонесува за почист воздух и поздрава животна средина, и ние сме особено горди на тоа како нашиот тим успешно ги комбинира високите стандарди на изработката, континуираното подобрување и посветеноста на одржливоста.“ Фабриката во Скопјe е централен дел од активностите на „Clean Air/Чист воздух“ на Џонсон Мети, кои опфаќаат и емисии од возила и широк спектар на стационарни индустриски и енергетски апликации, како што се производство на енергија и центри за податоци. Со производство на големи количини на сигурни компоненти за контрола на емисиите за возила, фабриката во Македонија ѝ помага на Групацијата да ја задоволи растечката побарувачка за своите технологии и решенија. Фабриката во Скопјe останува главен локален работодавач и центар за развој на вештини, иновации во процесите и извозни активности. Нејзиниот континуиран раст го поддржува регионалниот економски развој и ги зајакнува синџирите на снабдување што им овозможуваат и на автомобилските и на стационарните клиенти да ги исполнат построгите стандарди за емисии. Транзицијата на лидерство во фабриката е дел од оваа тековна еволуција: Зоран Николов, кој работи на локацијата во Скопјe 17 години и до неодамна беше менаџер за производство, го наследува Боријан Борозанов како менаџер на фабриката; Борозанов ќе преземе висока менаџерска улога во рамките на одделот за PGM услуги на Џонсон Мети. Џонсон Мети им се заблагодарува на своите вработени, клиентите и локалните партнери за нивниот придонес кон ова важно достигнување и со нетрпение очекува овој успех да се надградува додека продолжува со унапредувањето на решенијата за чист воздух што им користат на луѓето и заедниците низ целиот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВладата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки, 5,4 милиони евра за нови работни места со вториот повик од Оперативниот план за вработување 2026 Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните.Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра. СДС и ДУИ со години наназад зборуваа за економски развој, а зад себе оставаа затворени фирми, иселување и рекордна невработеност, денес се реализираат мерки со јасна цел, поддршка на стопанството и отворање нови работни места. Со мерката, една компанија може да добие поддршка за вработување на најмногу 5 лица и финансиска поддршка од 800.000 денари до 1.250.000 денари во зависност од целната група и од бројот на одобрени вработувања. Овие проекти се директна инвестиција во македонската економија, во домашните компании и во македонските работници. Со секое ново работно место се зајакнува економијата, се подобрува животниот стандард и се создаваат услови младите својата иднина да ја градат дома. Владата продолжува со реализација на мерки што даваат резултати. Се испорачуваат конкретни политики и реална поддршка за стопанството. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политики што носат економски раст, повисока вработеност и подобар животен стандард за сите граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евраВМРО-ОКГ повторно плаши дека граѓаните ќе изгубат 4,2 милиони евра од ЕУ поради Изборниот законик. Заради политиката на изолација држава, ВМРО-ОКГ, Македонија не губи 4 милиони, туку милијарди евра. Со блокирање на реформите и европскиот пат, граѓаните се лишуваат од огромни европски фондови и инвестиции кои би ја подобриле економијата и животниот стандард. За споредба, Црна Гора веќе си обезбеди над 3,2 милијарди евра од ЕУ. Хрватска веќе има добиено 10 милијарди евра досега со членството во ЕУ. Македонија, поради ставот на ВМРО-ОКГ, останува без милијарди евра и без перспектива за натамошен развој. Граѓаните треба да знаат дека поради нивната политика, Македонија губи милијарди евра и шанса за подобра иднина. Скопје, 16.07.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска ќе се одржи нова седница на Социјално економскиот совет08:52Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05Истекува крајниот рок за Изборниот законик партиите останаа без договор15:00Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08Седница за опозициски прашања во Собранието08:38
Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за ЕУ, тоа јасно го кажа еврокомесарката Март Кос12:08