Заев ја отфрли можноста дека ќе поднесе оставка и оцени дека е мета на дискредитација на организирана анти- НАТО и ЕУ структура во чија замка претходно паднале и Борис Џонсон, Макрон, Ердоган, Јункер и други светски политичари.
-Во трите разговори направени во август 2018 и јануари и април годинава, се зборува за прашања поврзани со ситуацијата пред референдумот, за руското влијание во Македонија но и за дијалогот меѓу Косово и Србија.Се зборува и околу добивањето на автокефалноста на МПЦ, а најспорен дел од овој разговор е убедувањето на лажниот Порошенко дека по нивниот пример автокефалноста на МПЦ кај Вартоломеј, може да помине со донација од само 100 000 евра. Премиерот изјави дека овој дел од разговорот има сериозни интервенции ставени во неавтентичен контекст.
Заев оцени дека тој во случајов е жртва на неговата отвореност за комуникации. Пропуст во процедурите има , но никој од неговиот кабинет нема да сноси одговорност. За негова евентуална одговорност може да стане збор доколку се утврди оддавање на државна тајна. Но и дека жали за споделување на телефонските броеви.
По овој случај премиерот Заев најави дека во иднина ќе бидат зајакнати протоколите за безбедни комуникации, а Владата во соработка со партнерите од НАТО ќе изработи план за борба против акции за дезинформирање и манипулирање.