„BMW“ и „Mercedes“ заедно развиваат целосно автономно возило

Двете големи германски компании ги здружија силите за создавање на автономно возило.

„BMW“ и „Mercedes“ со заеднички сили до развивање целосно автономно возило.  Според нивните планови, веќе во 2024та година вакви автомобили би се појавиле по патиштата низ Германија.

Автомобилската компанија „BMW“ и огранокот од „Mercedes“ , компанијата „Daimler“ за развивање на новата технологија имаат план да ангажираат 1200 експерти за автономни возила. Тие ќе бидат организирани во повеќе тимови со претставници од двете компании, за потребите на овој проект компаниите ќе обезбедат еден кампус за развивање на автономни возила и два тест центри. Крајната цел од овој проект е развивање на целосно автономно возило од 4ти степен за кое се претпоставува дека нема да има потреба од возач.

Фото: Српска пејачка ужива на плажа во Дубаи!!

Поранешната сопруга на популарниот пејач Дарко Лазиќ, пејачката Ана Севиќ ужива  во топлиот Дубаи.

Атрактивната Ана со неколку фотки на кои позира во бикини ги воодушеви своите фанови на социјалните мрежи и потврди дека Дубаи е нејзината омилена дестинација.

Во елитниот Дубаи  заедно со Ана е и нејзината ќерка Лорена.

Посебно внимание кај нејзините машки фанови привлекоа фотките на Инстаграм на кои Ана позира во портокалово минијатурно бикини кое ги истакнува нејзините бујни облини.

Видео: Шерон Стоун ја повтори култната сцена од „Основен инстинкт“

Холивудската ѕвезда, 62-годишната Шерон Стоун светска слава доби со филмот „Основен инстинкт “ и култната сцена кога на полициско испрашување ги прекрстува нозете.

Легендарната сцена од 1992 година, Шерон ја повтори викендов на свеченост во Берлин.

Атрактивната Шерон во Берлин ја прими наградата за „жена на годината“, организирана од магазинот „ GQ“ и по 27 години седна на столица на бината за да одржи говор.

За време на говорот 62- годишната актерка ја повторила култната сцена од филмот, а потоа ја повикала публиката да го стори истото заедно со неа.

Во говорот, Шерон открила дека славната сцена била моментот која и го променила животот.

„Пред многу години седев на сцената. Режисерот тогаш ми рече да ги соблечам гаќичките бидејќи се гледаат, а јас во таа сцена не требаше да ги носам. Одговорив: Секако!! Не можев ниту да помислам дека тоа беше моментот кој ќе ми го смени животот, изјавила Шерон Стоун за улогата која и донесе светска слава.

На Детската клиника првпат во државава почна примената на лекот „Спинраза"

На десетмесечно бебе со спинална мускулна атрофија вчера на Универзитетската клиника за детски болести му е даден лекот „Спинраза". 

Станува збор за прва примена на овој најнов лек во нашата земја, кој се користи за третман на децата и возрасните пациенти кои ја имаат таа болест. Оваа најсовремена терпија се дава во најразвиените земји во светот, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој ја посети таа јавна здравствена установа.

- Десетмесечното бебе кое во текот на вчерашниот ден ја прими терапијата се чувствува добро. Останатите шест деца со соодветен распоред ја добијат терапијата. Се надеваме дека ќе има добар ефект, односно дека прво ќе се запре прогресијата на таа болест, која драстично ја влошува здравствената состојба на децата, а има можност таа да се подобри и тие дечиња кои не може да одат да можат да застанат на нозе. Буџетот за сите седум деца изнесува 120 милиони денари и со ова вкупниот буџет на програмата за ретки болести надминува 500 милиони денари, кој на крајот на 2017 година изнесуваше 280 милиони денари, рече Филипче.

Посочи дека значајно е зголемен буџетот на програмата за ретки болести и ова е веќе шести нов лек, кој е воведен за неполни две години. Тој истакна дека буџетот е речиси тројно зголемен, и освен за оваа болест се воведени и нови лекови за болеста Гоше, за соодветни форми на анемија, за пулмонална фиброза и еден дел од пациентите кои боледуваат од пулмонална хипертензија ќе добијат дополнителна количина лекови.

- Нема ниту еден пациент со ретка болест кој чека за терапија. Ја воведуваме најмодерната терапија. Нема потреба пациентите да бараат можност за лекување во странство, сите можности им се нудат тука во нашата земја, рече Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање тој посочи дека во регистарот има седум пациенти со спинална мускулна атрофија.

- Имаме информација дека едно семејство кое има детенце за таков лек одамна не живее во нашата земја, така што во овој момент сите дечиња на кои им е потребна оваа терапија го имаат потребниот лек, а набавката се спроведува за период од една година, додаде Филипче. 

притисни ентер