Директорот Исени со пиштол во појасот на свадба

Претседателот на бордот на директори на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, Џеват Исени, се пофали со скандалозна снимка.

На која се гледа како на свадбена веселба се појавува со пиштол во појасот.

Снимката ја сподели самиот на социјалните мрежи, иако според закон забрането е носење на  огнено оружје на јавно место.

Нема информации дали пиштолот бил користен во традиционалното пукање во свадбените веселби, но скоро во исто време тетовската полиција упати апел до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и свадби со оглед дека минатите години чести беа случаите во кои имаше и повредени лица.

Пукањето со огнено оружје е спротивно на законот за прекршоците против јавниот ред и мир и глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност.

По вестите на Kанал 5 во 15 часот преку фејсбук со демант се јави Исени кој напиша не било тоа што сме мислеле, дека се работело за гасен пиштол кој е само сигнален и дека за него поседувал уредна дозвола.

Сепак останува прашањето зошто било каков пиштол се носи на место каде има многу луѓе и дали е вообичајно директор да се шета со сигнален пиштол на видливо место на појасот?

Видеото од Исени како танцува со пиштол прв го пренесе поталот Нетпрес.

притисни ентер