Флоријана , која по потекло е од Косово , исчезна пред три дена. Таа скокнала од чамец во езерото за да се разлади . На езерото Комо во Италија била на одмор со пријателка.
Скокнала на емсто каде езерото е длабоко над 200 метри , а пријателката безуспешно викала по неа, откако Флоријана не се појавила на површината.
,,Помислив дека сака да ме исплаши и дека ќе се пиојави на другата стѕрана на чамецот. Викав и пискав , ја повикував и на крај побарав итна помош.” вели пријателката.
По три дена од потрагата , телото на Флоријана било најдено на дното на езерото.
Флоријана Исмаили е капитен на екипата на Јанг Бојс , а минатата сезона даде седум гола и беше најдобар стрелец.
Има 33 настапи за швајцарската репрезентација , а последен пат настапи само два дена пред трагедијата. Играчите на нејзиниот тим направија црно срце од своите тела за последен поздрав од Флоријана.