СДСМ: Димовски да одговори за судските постапки против поранешните функцинери на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Димитар Димовски, од белиот дворец, од симболот за криминалот и корупцијата денеска требаше да се извинат за безобразниот начин на одбрана на криминалот, да се повлечат и да повикаат на одговороност во сопствените редови.

Да биде лицемерието на криминалната ВМРО-ДПМНЕ уште поголемо, прес конференции Мицкоски го пушта да држи ниту помалку ниту повеќе туку токму Димитар Димовски.

Јавноса знае дека Димовски има удел во компанијата „Енерготек ДОО Скопје“ заедно со Христијан Хирдо Мицкоски.

Затоа Димовски требаше да објасни како тоа фирмата во која тој и Мицкоски имаат заеднички удел го добива бизнисот со хидроцентали од владата на Никола Груевски?

Димовски е некогашна десна рака на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, против кого денеска се водат многубројни судски процеси.

Затоа Димовски требаше да одговори за многубројните судски процеси против Миле Јанакиевски и дали тоа е една од многуте причини поради која не го поддржува продолжувањето на работата на СЈО?

Да потсетиме, Димовски, има земјиште од над 14 илјади квадратни метри во општина Берово а прв сосед негов е токму Миле Јанакиески, кој има парцела од над 16 илјади квадратниметри. Двете парцели, на Јанакиевски и на Димовски, од 30 илјади квадратни метри, порано биле сопственост на Република Македонија.

Па нема ли некој чесен и одговорен во белиот дворец за Мицкоски токму Димовски да го задолжи да зборува за одговорност и чесност?

ВМРО ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за правда, одговороност и чесност, тоа за нив е непозната категорија.

СДСМ ќе продолжи одговорно и отчетно да ја води државата. Секаде кадешто има законски или прекршувања на моралните норми ќе следува одговорност, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во Атина уапсени двајца членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“

Двајца странски државјани, членови на меѓународната криминална група „Пинк Пантери“, во средата биле уапсени во Атина, а се товарат за две кражби на златарници во центарот на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Неофицијално станува збор за српски државјани, а за кражбите го користеле методот „рифифи“, односно во златарниците и продавниците за накит влегувале по направени дупки од соседни напуштени или празни згради или простори.

Од грчката полиција соопштија дека уапсените биле активни најмалку од декември минатата година, користеле фалсификувани документи, а се движеле со возила со странски регистарски таблички или во сопственост на лица со чисто криминално досие, за да не бидат откриени.

Во однос на начинот на дејствување откако ги таргетирале продавниците, ги набљудувале, по што подготвувале соодветен план и се движеле пеш за да не бидат сомнителни.

Откако успевале да добијат пристап до напуштените или празни згради-лепенки до златарниците, отворале дупка на ѕидот што води до продавницата.

Еден од уапсените влегувал преку дупката со лазење за да не се активираат детекторите за движење и со украдениот накит се враќал во соседниот простор.

Од досегашната истрага на полицијата, расчистени се две случаи на кражби во златарници во центарот на Атина, а продолжува истрагата за утврдување на целосниот обем на нивната криминална активност.

По извршениот претрес на уапсените меѓу другото, биле пронајдени и одземени алатки за кражби, три часовници, накит, 190 евра, фалсификувана возачка дозвола, три мобилни телефони.

Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина

 Шпанија ќе испрати мал број ракети „Патриот“ во Украина, објави денеска весникот „Ел Паис“, повикувајќи се на неименувани добро информирани извори.

Весникот наведува дека Шпанија ја отфрлила можноста за испорака на противвоздушни лансери на Украина, но ќе испрати проектили во Киев.

Шпанија има три системи „патриот“ кои ги купи од Германија во 2004 и 2014 година, потсетува весникот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски им кажа на членките на НАТО претходно овој месец дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да ги одврати руските воздушни напади, барајќи од нив да ја засилат воената помош за Киев.

Министрите на ЕУ пред неколку дена изјавија дека разгледуваат како да обезбедат повеќе оружје за противвоздушната одбрана на Украина.

Сончево и потопло, утре попладне дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. 

Потоа следува период на стабилно и топло време, а дневните температури ќе бидат повисоки за три до пет степени.

Како што соопшти УХМР, во следните три дена ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Минималните темпеартури ќе бидат во интервал од два до 12 степени, а максималните од 20 до 28 степени.

притисни ентер