Трамп со нова закана кон Иран: Ќе ви ја збришеме државата!

Ако тргнете во војна против нас, ќе ви ја збришеме државата, се закани американскиот претседател. Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна , но го предупреди Иран дека ќе се соочи со целосно уништување доколку дојде до судир.

Тој вчера во ТВ интервју рече дека САД се отворени за разговор , но нема да му дозволат на Иран да развива нуклеарно оружје.

Трамп во интервјуто објасни и дека ги повлекол авионите , непосредно пред нападот на Иран само зошто сметал дека 150 можни жртви на иранска страна не се пропорционални на уривање американски дрон без екипаж.

Сообраќајка кај Влајко на Партизанска, повреден возач

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа.

Денеска во 02.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански одреди“ и ул.„Ангел Динев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шевролет“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(32) од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(27) од с.Сарај, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Возачот Б.А. се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „8 Септември“, додека неговиот сопатник И.А.(32) од сЉубин, скопско, исто така, се здобил со телесни повреди констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, стои во соопштението од МВР.

Минесота го доби и вториот натпревар во плејоф серијата со Денвер

Минесота го победи Денвер рано утрово на гостински терен со 106:80 во вториот натпревар од второто коло на НБА плејофот.

Најдобар играч на натпреварот беше центарот на гостите Карл-Ентони Таунс, кој постигна 27 поени и забележа 12 скока.

Во тимот на Денвер се истакна Арон Гордон со 20 поени.

Резултатот во серијата прв до четири победи е 2-0 во корист на Минесота.

Следниот натпревар ќе се одигра на 11 мај.

Во првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција, Њујорк ноќеска ја победи Индијана со 121:117 и поведе со 1:0.

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа

Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците.

Израел синоќа соопшти дека ќе испрати делегација на посредничките преговорите со Хамас, откако милитантната палестинска организација го прифати катарско-египетскиот предлог за прекин на огнот, додека продолжува со операциите во Рафа со цел да „изврши воен притисок“ врз Палестинците.

„Израел ќе испрати делегација (...) на посредувањето за да ги исцрпи можностите за постигнување договор за примирје, дури и доколку предлозите на Хамас се далеку од суштинските барања“ на Израел, се наведува во соопштението од канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

„Воениот кабинет одлучи да ја продолжи операцијата во Рафа со цел да изврши воен притисок врз Хамас“, се додава во соопштението.

притисни ентер