Героски во СДСМ и кај Пендаровски пријави закани по живот- Претседателот го осуди чинот

Новинарот Бранко Героски утрово во СДСМ и кај претседателот Стево Пендаровски пријави дека добил закани по живот што ги добил по серијата текстови за постоењето на политичко-медиумската група која изнудува пари..

Борче Гиноски му се извини на Бранко Героски за пораките на фејсбук. По бројните реакции во одбрана на новинарот, Гиноски тврди дека е погрешно разбран. Вели дека немал намера да се заканува.

,,Геровски е меѓу тие што беа напаѓани од поддржувачите на режимот и мојата порака беше во насока дека може токму од ВМРО-ДПМНЕ да биде нападнат, така делуваат они. Како и да е, настана недоразбирање, се извинувам лично до Геровски и до јавноста, немам намера ниту некого да напаѓам ниту да навредувам, ја почитувам работата на новинарите. “

“Бранко, малку претеруваш со објавите. Знаеш како те фарбаа со боја, гледај да не те бањаат во Вардар.”- ова се пораките од Гиноски кој на социјалните мрежи се пофалил дека работи како обезбедување во СДСМ, а објавувал и слики со премиерот, претседателот и министри од власта. Героски утрово отиде пред седиштето на СДСМ и побара одговори од партијата кое е лицето кој што се заканува на новинар и дали партијата ќе преземе нешто. По тој повод новинарот се сретна и со претседателот Пендаровски, а бил и на разговор во полиција.

Гиноски не е вработен во СДСМ, но е член на месен одбор на СДСМ, а на последните претседателски избори пак бил ангажиран како член на избирачки одбор во општина Ѓорче Петров, исто така на предлог на СДСМ. Оттаму велат дека Гиноски ќе биде опоменат, а крајната мерка би била исклучување од членство во партијата. Заканите ги осуди премиерот Заев кој ги повика правосудните органи да постапуваат во ваквите случаи.

Героски последните неколку месеци обвинува дека до него пристигнуваат опомени и закани бидејќи претерал со критики кон власта.

Во последниот текст за рекетарите Героски споменува и нов лик кој го именува како Фрики, за кој тврди дека е дел од рекетарската банда, но и пишува дека т.н. Коки е огромна машина за трошење пари и дека во земјава нема човек кој може да потроши толкави пари за толку кратко време колку што може тој, и дека истиот рекетар веќе бил под истрага.

,,Еден истражен орган на Република Македонија прв пат сериозно се занимава со активностите на Коки во нашата земја некаде во периодот од 2014 до 2016 година.

Бранко Героски пред околу еден месец поднесе оставка од уредничката позиција во Слободен печат, поради несогласувања со сопствениците во уредувачката политика на весникот.

Израелскиот амбасадор во Шведска го осуди палењето на Куранот во Малме (ВИДЕО)

Амбасадорот на Израел во Шведска, Жив Нево Кулман, го осуди денеска палењето на Куранот во Малме.

Две лица денеска го запалија Куранот во Малме, а едното од нив беше завиткан во израелско знаме, објави „Тајмс оф Израел“.

„Палењето на светата книга Куранот додека се вее израелското знаме е грозен чин на непочитување, не само за 20 отсто од израелските граѓани кои се муслимани, туку и против вредностите како што се толеранцијата и меѓусебното почитување. Го осудувам овој кукавичкиот чин на најсилен можен начин. Малме треба да го обедини музиката наредната недела поради Евровизија“, објави Кулман на платформата Х (Твитер).

Како што претходно објави финскиот јавен сервис Yle, две лица вчера прво прочитаа делови од Библијата, го влечеа Куранот на кучешки поводник, запалија страници од муслиманската света книга и го згазија палестинското знаме.

Властите во Хјустон повикаа на евакуација поради огромните поплави (ВИДЕО)

Се предвидува дека во Хјустон, Тексас, ситуацијата со поплавите ќе се влоши, еден ден откако силно невреме го зафати регионот, а властите ги предупредија жителите во ниските области на градот да се евакуираат пред очекуваните големи поплави.

Според прогнозата на метеоролозите, количината на врнежи од 2,5 до 7,6 сантиметри на метар квадратен вечерва ќе доведе до големи поплави.

Во Хјустон вчера околу 20 луѓе беа спасени од поплавеното подрачје, вклучително и оние кои се качиле на покривите на своите домови.

Локалните власти соопштија дека неколку стотици згради се во опасност од поплави, како и дека наставата во училиштата е откажана, а некои патишта се затворени поради поплави.

Обилните дождови со недели го зафатија Тексас и делови од американската сојузна држава Луизијана, а делови од југоисточниот дел на Тексас, северно од Хјустон, се поплавени.

Надал ги демантираше гласините за пензионирање по Ролан Гарос

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги демантираше гласините дека неговиот настап на претстојниот Ролан Гарос ќе биде последен во неговата кариера.

Рекордерот по освоени Гренд слем титули во Париз (14) и оваа сезона има намера да се бори за трофејот во француската престолнина, но поради проблеми со повредите, некои медиуми побрзаа да го пензионираат што е можно поскоро.

Но, тоа воопшто не му се допадна на Надал, па по поразот од Јиржи Лехечка во Мадрид се наврати на медиумите и изјави дека се уште нема намера да се пензионира. Особено не во Париз, каде летово би можел да се најде како член на олимпискиот тим на Шпанија.

-Мојот сон е последен пат да се натпреварувам на Олимписките игри. Никогаш не реков дека мојата кариера ќе заврши на Ролан Гарос, јасно подвлече Надал за шпанскиот канал „Мовиестар“.

Рафаел Надал моментално е 512. играч во светот, има 37 години и сезонава забележа три победи и два порази. Во текот на својата блескава кариера оствари биланс од 1.071 победа и 222 порази. На врвот на светската АТП листа стигна во 2008 година, додека во текот на кариерата освои 92 титули и нешто повеќе од 130 милиони долари на турнири.

притисни ентер