МакедонијаМеркел ќе ја заложи „сета своја политичка тежина“ за преговори со МакедонијаОчекувано, со потврда на заклучоците од министерскиот состанок, заврши Самитот на лидерите на земјите челнки на ЕУ во Брисел.Дополнителни гаранции дека датумот би го добиле во октомври нема, но германската канцелка Меркел дека вети дека ќе го вложи целиот целиот кредибилитет тоа да се случи. Од Брисел известува Александар Видиновски.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од СкопјеОстава ли простор Софија за вклучување на европски посредник во дијалогот со Македонија. Бугарија била и останува отворена за конструктивен дијалог, но под веќе утврдените процедури. Бугарското МНР, со внимателно обликуван дипломатски јазик, одговара на повикот на шефот на дипломатијата Муцунски во сите идни разговори со Бугарија да биде присутна Европската Унија или земја членка. Очекуваме Македонија да ги исполни обрските и да ги започне потребните промени, се вели во писменото соопштение на бугарското МНР. -Процесот на пристапување на Македонија кон Европската Унија е европско прашање кое треба да се разгледува во рамките на европските институции и во согласност со утврдените правила и процедури. Бугарија отсекогаш била и останува отворена за конструктивен дијалог. Гледаме дека голем број земји-кандидатки постигнуваат значителен напредок во исполнувањето на своите обврски, вклучително и во услови на комплицирана безбедносна средина. За политичкиот аналитичар Марко Трошановски, во пораката на Софија нема значително поместување од позициите, но влева оптимизам дека работите можат да се поместат од мртва точка. -Мислам дека е доволно општа да остави простор за резерва околу медиумиските интерпретации дека Бугарија се огласил на европска медијција, но и доволно неконкретна за биде ветувачка дека можеби ќе се остави креативен простор за подобрување на односите со присуство на еу или одредена земја членка., вели Марко Трошановски, политички аналитичар. Иницијативата на Македонија за посредство на Брисел не е нова, но се интензивира во момент кога се очекува да биде објавена новата стратегија за проширување од страна на Европската Комисија, која според Трошановски, може да даде дополнителен импулс ако подиректно се вклучи за надминување на разликите со Софија. -Мислам и те како дека треба Комисијата да е присутна. Многу ќе биде поволно за подобрување на климата ако ЕК изнајде начин или даде зелено светло на директно присуство на нејзини претставници во односите меѓу двете земји. , вели Трошановски. Кој е ставот на Брисел ќе биде појасно следниот петок, кога во посета на Скопје доаѓа шефицата на Европската Комисија, Урсула фон дел Лајен во рамките на балканската турнеја. Како што денеска соопшти Комисијата, таа ќе се сретне со претсеателката Сиљановска и со премиерот Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
ЖивотПапата се спротивставува на забраната на Трамп: Медиумите мора да имаат пристапЗа време на летот од Рим кон Париз, Папата повторно ја изрази својата поддршка за слободата на медиумите.Тој ја коментираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да им забрани пристап до Белата куќа на новинарите од Си-ен-ен и од неколку други медиуми, пренесува Ројтерс. Папата не го спомна Трамп по име, но ја истакна виталната важност на работата на медиумите. Тој претходно го предизвика гневот на Трамп со своите критики во врска со војната во Иран. „Мило ми е што сите сте добредојдени овде“, им рече Папата на новинарите. „Сметам дека е исклучително важно сите да можат да известуваат и тоа да го прават целосно.“ Во меѓувреме, Белата куќа вчера објави дека им ги враќа акредитациите за известување на новинарите од Си-ен-ен, Ем-ес-ен-би-си и „Политико“. Оваа одлука уследи по пресудата на федералниот судија дека забраната за пристап веројатно е неуставна. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Папата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ ќе поднесе оставка в неделаПретседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека оставката од функцијата Претседател на републиката ќе ја поднесе в недела, на 27 септември, во вечерните часови, како и дека граѓаните тогаш ќе можат да го слушнат и неговото образложение.– Во недела е напорен ден, во недела навечер поднесувам оставка, мислам дека ќе биде околу осум часот навечер – им изјави Вучиќ на новинарите синоќа во Њујорк. Тој додаде дека тогаш ќе ги наведе причините кои граѓаните ќе можат да ги слушнат. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека се надева оти за два до три дена, по разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, ќе знае повеќе за решението за прашањето за Нафтената индустрија на Србија. На новинарско прашање во Њујорк дали сега е извесна сликата кога е во прашање решението околу нафтената индустрија на Србија, Вучиќ рече дека не знае што точно да одговори, но оти се надева дека по разговорот со Путин ќе знае нешто повеќе.Тагови: Александар Вучиќ Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСофија бара дијалог според европските правила по барањето за медијација од Скопје15:00Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00