Героски во СДСМ и кај претседателот Пендаровски пријави закани по живот

Серијата колумни на новинарот Бранко Героски кој пишува за група рекетари, му донесоа закани на социјалните мрежи.

Два часа по објавувањето на последниот текст во кој Героски пишува дека власта е во паника поради приказната за рекетарите и дека треба да се отвори истрага за рекетарската група, на новинарот му пристигна порака на фејсбук.

“Бранко, малку претеруваш со објавите. Знаеш како те фарбаа со боја, гледај да не те бањаат во Вардар.”- му напиштал извесен Борче Гиноски кој на социјалните мрежи се пофалил дека работи како обезбедување во СДСМ, а објавувал и слики со премиерот, претседателот и министри од власта.

Героски утрово отиде пред седиштето на СДСМ и побара одговори од партијата кое е лицето Борче Гиноски кој што се заканува на новинар и дали партијата ќе преземе нешто.

Партискиот портпарол Костадинов разговараше со Героски. Се оградуваат од поврзаност со Гиноски и тврдат дека тој не е вработен во СДСМ.

Но подоцна во СДСМ дознале дека сепак лицето е член на месен одбор на СДСМ, а на последните претседателски избори пак бил ангажиран како член на избирачки одбор во општина Ѓорче Петров, исто така на предлог на СДСМ.

Ова не е прва закана до Героски. Тој последните неколку месеци обвинува дека до него пристигнуваат опомени и закани бидејќи претерал со критики кон власта.

Осуда за закани до новинари пристигна од премиерот кој вели дека нема да дозволи загрозување на слобода на говорот.

Мик Џегер на концерт во Лујзијана го прозва гувернерот за инклузија- експресно му одговори

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата.

Англискиот пејач Мик Џегер (80) накратко зачекори во политиката на американската сојузна држава Луизијана, упатувајќи вербален „удар“ до конзервативниот гувернер на државата, додека „Ролинг Стоунс“ настапувале на фестивал во Њу Орлеанс, пренесува АП.

Бендот ја заврши песната „You Can't Always Get What You Want“ за време на настапот во четвртокот вечерта, кога Џегер почна да зборува за инклузија, објави Асошиејтед прес, цитирајќи медиумски извештаи од Њу Орлеанс.

„Сакаме да го вклучиме и него. Дури и ако сака да нѐ врати во каменото доба“, рече Џегер за гувернерот Џеф Ландри.

Лендри (53) е републиканец поддржан од Доналд Трамп, поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат, а откако беше повикан, тој му одговори на Џегер:

„Не можеш секогаш да го добиеш она што го сакаш. Единствената личност која веројатно може да се сети на каменото доба е Мик Џегер. Те сакам пријателе, секогаш си добредојден во Луизијана!“.

Велигденска порака на Арихепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење...

Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога, се вели во посланието на Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан.

Костадиновска Стојчевска од Пустец: Хероите како Гоце Делчев се нашиот патоказ кон Европа

Хероите како Гоце Делчев и нивните идеали за слобода и рамноправност се нашиот патоказ кон Европа.

Денеска, на денот на неговата херојска смрт, во Пустец ја откривме бистата на македонскиот револуционер и учител, Гоце Делчев. Таа ќе биде вечен потсетник за значењето на искрената борба во име на високите цели за напредна и независна држава.

Заедно со нашите сограѓани Македонци му оддадовме почит на еден од најсветлите ликови во нашата историја, идеолог и борец за слободна македонска држава. На дело покажуваме како заедно, од двете страни на границата, се грижиме за македонската историја и култура, и ги афирмираме македонскиот јазик и идентитет.

Зборовите на Гоце Делчев и неговата визија дека го разбира светот како поле за културен натпревар меѓу народите никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија и од нашето настојување да создадеме сигурна, просперитетна и заедничка иднина.

Ние никогаш не сме се откажале ниту ќе се откажеме од делото и визијата на македонските револуционери, на оние кои биле на вистинската страна на историјата и денес наша обврска е да останеме на нивната страна.

Да живее споменот на Гоце Делчев!, објави на ФБ министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска.

притисни ентер