Стоилковски: МНР тоне во хаос и во самоволие, предизвикувајќи срам за државата во и вон нејзините граници

Министерството за надворешни работи под министерот Никола Димитров тоне во хаос и во самоволие, предизвикувајќи срам за државата во и вон нејзините граници.

Македонија повторно остана без почеток на преговори, а одговорен за оваа срамна состојба е и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, човекот кој што се колнеше во Илинденска Македонија, ја претставуваше Република Македонија, а сега се гордее со Република Северна Македонија! Човекот кој што лани со премиер и со двајца вицепремиери се сликаше со палец нагоре лажејќи дека Македонија добила датум за почеток за преговори за членство во ЕУ!

Само со Никола Димитров како дел од кланот на власт, Македонија испраќа 10 амбасадори за кои што ги сокри нивните биографии и тези за тоа како ќе ја претставуваат државата во Германија, Унгарија, Шпанија и други држави?

Почитувани,

Никола Димитров мора да одговори зошто биографиите и тезите со кои 10 дипломати од кариера заминаа во странство и веќе ја претставуваат Република Македонија пред меѓународната заедница останаа тајна? Никогаш до сега амбасадорските тези на собраниска комисија не биле целосно класифицирани како доверливи. Станува збор за тези на амбасадори кои заминаа во Германија, Унгарија, Шпанија, Украина, Шведска, Австрија, Обединетите Арапски Емирати, Словенија и во Босна и Херцеговина. Притоа беше изземен и претседателот на собраниската комисија Антонијо Милошоски.

Никола Димитров треба да објасни и дали и зошто при враќањето на Амбасадорите назад во Македонија ги уназадува со звањата, дури и на најниско ниво како началник на одделение, за сите освен на советникот на Стево Пендаровски, второто лице на Зоран Заев, Гоце Карајанов кому му е доделено највисоко административно звање?

Оттука, Димитров мора да одговори дали со новата систематизација која почнува за десетина дена ќе се деградираат и преместуваат политички неистомисленици на министерот Димитров?

Македонија изостана од европската агенда за проширување и одговорност мора да има, а најголема одговорност има македонската дипломатијата под министерот Никола Димитров.

Време е Димитров повторно да си ја испрати напишаната оставка која ја повлече лани, и да одговори за лажење на јавноста дека станувало збор за фалсификат, за што ниту имаше истрага ниту некој одговараше!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија се зголеми за повеќе од 50 проценти

 Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата.

Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.

Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните.

Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца.

Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

притисни ентер