Тридневен хакатон за креирање игри за најмладите

 Тридневен хакатон за заедничко креативно и техничко подготвување едукативни игри, материјали и содржини за деца од три до десет години ќе се одржи од 18 до 20 јули во НУБ „Св. Климент Охридски" во Скопје.

Хакатонот е во рамките на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку кокреирање и иновации" финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје со поддршка од Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на обрзованието и УНИЦЕФ, а го спроведува Смартап – лабораторијата за социјални иновации.

Организаторите ги покануваат да се пријават сите креативни гејмери, девелопери, графички дизајнери, артисти и ентузијасти од секаков тип, кои би сакале да креираат игри наменети за најмалите. Пријавувањето може да биде индивидуално или во тим од три до пет учесници.

Како што најавуваат од Смартап, ова искуство ќе биде во опуштена и пријатна атмосфера, со многу дружење, можност за стекнување нови знаења и вештини, вмрежување и заедничко креирање игри за најмилите.

Целта е изработката на нова национална веб-платформа што треба да прерасне во дом на голем број материјали за едукација. Платформата ќе биде место каде што одделенските наставници, воспитувачи и родители ќе можат да ги пронајдат потребните материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, нови начини на учење преку игра. 

Фото: Се урна Ф-16, пилотот висел на далновод

Драма на западот на Франција, се урна авион Ф-16, пилот виси на жизи од далновод.

Белгиски воен авион Ф16 се урнал во населено место на западот на Франција, соопштија официјални претставници.

Еден од пилотите паднал на високонапонски далновод.

Според АП, авионот паднал во дел на градот Плувињер, и дека еден од пилотите бил спасен.

Хиларија и Алек Болдвин го чекаат петтото дете!!

Алек Болдвин во седмата деценија од животот повторно ќе стане татко.

35- годишната Хиларија Болдвин ги изненади следбениците на Инстаграм со кратко видео на кое се слуша отчукување на срце, бебешко.!!

„Уште е рано, но првите месеци ме исцрпеа“, напиша Хиларија и откри дека по петти пат ќе стане мајка.

Атрактивната инструкторка по јога и 61 годишниот актер Алек Болдвин имаат четири деца, Кармен (6г.) Рафаела(4) Леонардо(3) и Ромео, кој има само 15 месеци.

Хиларија пролетва беше бремена по петти пат , но пред четири месеци го загуби бебето.

Фото: Карлеуша без грам шминка

Атрактивната пејачка Јелена Карлеуша која е позната по својот гламурозен  изглед, ги изненади  фановите на социјалните мрежи со фотка од дневна соба.

Популарната Џеј Кеј покажа како изгледа без грам шминка на себе, изненадувачки  облечена во дукс, затворен до вратот.

Според нејзините фанови на фотографијата се гледа заморот на Јелена од многубројните настапи.

За илјадниците следбеници на Карлеуша на социјалните мрежи оваа фотка е голема изненадување, бидејќи тие се навикнати да ја гледаат својата омилена пејачка во секси и провокативни изданија.  

притисни ентер