ФЕИТ одбележува 60 години постоење - Канал 5

ФЕИТ одбележува 60 години постоење

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во рамки на одбележувањето шест децении од основањето, денеска ќе им додели „Златна диплома" на сите студенти кои дипломирале пред 50 години.

ФЕИТ одбележува 60 години постоење

Според факултетот, ќе бидат доделени 60-тина дипломи на дипломирани електроинженери од првите генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гори француски туристички бисер, туристите бегаат во паника

Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Фере (Леж-Кап-Фере) – едно од најпознатите крајбрежни одморалишта на југозападниот брег на Франција 

Гори француски туристички бисер, туристите бегаат во паника

Француските власти наредија евакуација на целиот полуостров Кап Фере (Леж-Кап-Фере) – едно од најпознатите крајбрежни одморалишта на југозападниот брег на Франција – додека стотици луѓе го напуштаат подрачјето со чамци поради пожар што се шири.

Станува збор за популарна туристичка дестинација. Софи Брокас, претставничката на француската влада за департманот Жиронд, рано утринава ја нареди финалната фаза од евакуацијата.

На жителите им било наложено да го напуштат подрачјето преку главниот пат кон Бордо, додека на другите им беа ставени на располагање чамци на четири пристаништа, во периодот од 07:00 до 10:00 часот по локално време.

По одлуката за евакуација на целиот полуостров – кој вообичаено е многу популарна туристичка дестинација – илјадници луѓе беа принудени да заминат.

Пожарот што избувна во вторникот во градот Саумос, во југозападна Франција, продолжи да се шири во текот на изминатите неколку дена, при што пламените јазици зафатија 8.700 хектари.

Двајца пожарникари загинаа во вторникот додека се бореа со огнената стихија во близина на аеродромот во Бордо, а надлежните утрово соопштија дека нема нови повредени.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека ситуацијата со шумските пожари во земјата е „многу напната“, при што посебно го спомена регионот Жиронд. Макрон наведе дека побарал помош од Европската унија, додавајќи дека наскоро ќе пристигнат авиони од Хрватска, Португалија, Чешка и Словачка за да ѝ помогнат на земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тинејџер изел колбас и починал, мајката во шок: „Не знаев дека може да биде толку сериозно“

Животот на австралијката Мифанви Веб се променил засекогаш откако нејзиниот 15-годишен син Џереми починал поради ретка алергија на месо, предизвикана од каснување од крлеж.

Тинејџер изел колбас и починал, мајката во шок: „Не знаев дека може да биде толку сериозно“

Сè започнало по семејна прослава во ресторан, кога момчето добило проблеми со дишењето и почнало да повраќа. Лекарите се посомневале на алергија на месо, но случајот на крајот го поврзале со неговата астма и го пуштиле дома.

Повеќе од една година подоцна, во јуни 2022 година, Џереми починал откако на кампување со пријатели изел говедска колбасица. Првично, причината за смртта повторно била заведена како астма, но по дополнителна истрага било утврдено дека доживеал смртоносен анафилактички шок предизвикан од алфа-гал синдром – ретка алергија на месо од цицачи.

Ова е првиот познат смртен случај во светот поврзан со оваа алергија.

Според експертите, алфа-гал синдромот може да се појави по каснување од одредени видови крлежи. Кај заболените, организмот реагира на шеќерна молекула која се наоѓа во месото од цицачи, а симптомите можат да бидат различни – од осип и стомачни проблеми, па сè до опасен анафилактички шок.

Мајката на Џереми вели дека долго се сомневала дека нејзиниот син има проблем со месото, но семејството не знаело дека состојбата може да биде опасна по живот.

„Мислев дека станува збор само за нетолеранција на храна, не знаев дека може да биде толку сериозно“, изјавила таа.

Лекарите предупредуваат дека бројот на случаи со оваа алергија расте, а многу луѓе можеби имаат антитела без да знаат дека се изложени на ризик.

Извор: Новости

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа тематска прес-конференција во Владата, на која информираше за исходот од 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа тематска прес-конференција во Владата, на која информираше за исходот од 48. сесија на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Бусан, Република Кореја.

Министерот Муцунски информираше дека во првичниот предлог на одлуката било предвидено Охридскиот Регион веднаш да биде впишан на Листата на светско наследство во опасност. По усвојувањето на амандманот, оваа формулација е отстранета. Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО и во оваа фаза нема да биде впишан на Листата во опасност.

„Ова претставува значаен дипломатски успех за државата. Резултатот произлегува од координирана државна акција, предводена од претседателот на Владата, и од посветената работа на сите институции вклучени во процесот“, истакна Муцунски.

Во активностите беа вклучени Министерството за култура и туризам, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, општините Охрид и Струга, како и Амбасадата во Париз, која имаше значајна улога во комуникацијата со УНЕСКО и со државите членки на Комитетот за светско наследство.

Министерот посочи дека во изминатиот период биле водени интензивни разговори и дипломатски консултации со цел да се изгради поддршка меѓу државите членки на Комитетот. Во рамките на дијалогот биле јасно претставени позициите на државата, преземените обврски и политичката волја за заштита на Охридскиот Регион.

„Покажавме дека дипломатијата носи конкретни резултати. Таа не е само присуство на меѓународни состаноци, туку способност да се градат партнерства, да се создава доверба и да се заштитат најзначајните национални интереси“, нагласи Муцунски.

Осврнувајќи се на значењето на Охридскиот Регион, тој оцени дека станува збор за природно и културно богатство од исклучителна универзална вредност, чие значење ги надминува националните граници. Охридското Езеро, со својата природна уникатност, биолошка разновидност и богато културно-историско наследство, претставува непроценливо светско добро и симбол на регионалната соработка, одржливиот развој и заедничката грижа за светското наследство.

Муцунски потенцираше дека зачувувањето на Охридскиот Регион е национален приоритет и одговорност кон идните генерации, а постигнатиот резултат ја потврдува јасната определба на Владата за негова трајна заштита.

Со дипломатскиот ангажман е обезбеден дополнителен простор за исполнување на преземените обврски и за спроведување на Стратегискиот план за рехабилитација до 2030 година. Во следниот период, заедно со Албанија, треба да биде подготвена временски ограничена рамка за спроведување на Планот, а до 1 февруари 2027 година да биде доставен нов извештај за постигнатиот напредок.

„Дипломатијата го обезбеди потребниот простор. Сега обврската е на сите надлежни институции тој простор да го претворат во конкретни и мерливи резултати, преку целосно исполнување на преземените обврски“, порача Муцунски.

Министерството ќе продолжи со активна дипломатска работа и координација со Албанија, УНЕСКО, државите членки на Комитетот и меѓународните партнери, со јасна цел – трајно зачувување на Охридскиот Регион како светско природно и културно наследство.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер