Противпожарни возила од Бугарија се вклучуваат во гаснење на пожарите во пехчевско

Помошта која што беше најавена од Бугарија од пет противпожарни возила пристигна на критичното подрачје зафатено со пожар кај маалото Пасјак во село Нов Истевник.

Во разговорот со градоначалникот на Делчево Горан Трајковски и останатите надлежни, одлучено е четири возила да одат кон Пехчево бидејќи таму ситуацијата е поалармантна, додека едно противпожарно возило ќе се вклучи во гаснењето на пожарот кај Пасјак.

Со колоната возила видливи беа и автомобили на Дирекцијата за заштита и спасување кои ја предводеа колоната на патот кон Пехчево. Се очекува веднаш по пристигнувањето да се вклучат во гаснењето на пожарот кој се забележува на пет километри пред влезот на Пехчево.

Во моментот најзагрозено е подрачјето пред влезот на Пехчево каде е забележлив густ чад.

Групата за проценка и предлага до Владата да се прогласи вонредна состојба поради пожарите

 Групата за процена и' предлага на Владата на Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија во траење од 30 дена,напиша на ФБ директорот на ЦУК , Стојанче Ангелов.

Групата за процена (составена од директорите на ЦУК, ДЗС, АНБ, БЈБ, Агенција за разузнавање, Заменикот на Началникот на Генералштабот на Армијата, Раководителот на службата за воена безбедност и разузнавање, замениците директори на ЦУК и ДЗС, и советникот за национална безбедност од кабинетот на Претседателот на РС Македонија) попладнево (04.08.2021) одржа седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донесе едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет (министрите за внатрешни и надворешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски како и раководителот на групата за процена) да и предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и и' предлага на Владата на Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија во траење од 30 дена.

Раководител на група за процена

Стојанче Ангелов

Се зголемува бројот на богати земји, каде што се воведува третата доза на вакцината

Додека светот се бори со варијантата делта, се поголем број земји размислуваат да воведат трета доза на вакцината.

Обединетите Арапски Емирати од вчера им се придружија на Германија, Израел и Обединетото Кралство со воведување упатства со кои се препорачува трета доза на вакцината против „Ковид-19“ за стари лица.

Израел минатата недела ја објави својата програма за трета доза откако експертите назначени од владата го препорачале овој потег. Експертите го засноваа своето мислење врз податоци што покажуваат дека со текот на времето вакцината почнува да ја губи својата ефикасност во спречувањето на инфекциите.

Но, не се согласуваат сите со овој потег. Светската здравствена организација (СЗО) минатиот месец за Си -Ен -Ен објави дека се уште не е познато, поради ограничен број студии, дали ќе биде потребна трета доза.

Американските регулаторни агенции, исто така, им порачаа на американските граѓани дека сеуште не е потребно да се прима трета доза. Вчера, експертот за заразни болести Ентони Фаучи рече дека третата доза засега треба да биде достапна само за луѓе со ослабен имунолошки систем.

Со помалку од половина од американското население целосно вакцинирано, ситуацијата во САД не изгледа добро, бидејќи бројот на случаи продолжува да расте. Вчера, за прв пат од февруари, пациентите заразени со ковид зафатија повеќе од 50,000 кревети; под услов овие да се главно невакцинирани граѓани.

Варијантата делта создава хаос низ целиот свет. Во Африка, смртноста од ковид-19 значително се зголемила во последниот месец, при што бројот на смртни случаи се зголемил за 80% во последните четири недели. Пандемијата повторно започна во Вухан, нејзиниот оригинален епицентар, а властите сега спроведуваат масовни тестови за да спречат понатамошно ширење.

притисни ентер