СДСМ: Мицкоски не ги повикува пратениците Вељановски, Милошоски и Димовски да поднесат оставки

Мицкоски молчи и не сака да ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ, за кои се водат судски постапки за сериозни кривични дела, да си дадат оставки.

Мицкоски во белиот дворец чека наредби од својот шеф а во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се уште седат пратеници против кои се водат судски процеси за сериозни кривични дела.

Илија Димовски, Трајко Вељаноски и Антонио Милошоски не поднесуваат оставки и тоа говори многу за ВМРО ДПМНЕ.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е старата матрицата на Никола Груевски.

Христијан Мицкоски треба да ги повика пратениците Вељановски, Милошоски и Димовски да си поднесат оставки од своите функции.

Тоа е најмалку што треба да го сторат, а со тој потег би се избегнала каква било можност да ги попречуваат или влијаат врз судските процеси и истрагите против нив.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет се додека во некзините редови седат пратеници против кои се водат истраги и процеси за сериозни дела.

Центар за комуникации и односи со јавност СДСМ

ИЈЗ: Меланом - најопасен облик на рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Меланомот е најопасен облик на рак на кожа, а може да се излечи доколку се открие навреме, порачуваат од Институтот за јавно здравје денеска, во пресрет на мај - месецот на борба против ракот на кожата.

- Иако меланомот може да ги зафати сите делови на кожата од телото, сепак тој најчесто се јавува на деловите од телото што се најмногу изложени на сонце, предупредуваат од Институтот.

Постојат повеќе начини за луѓето да се заштитат од ризик факторите, поврзани со меланомот. Како што наведуваат од Институтот, треба да се избегнуваат најтоплите часови во текот на денот, добро да се покрие телото и да се користат заштитни средства против сонце.

Приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер да биде за нивните барања

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања.

Лекари приватни специјализанти побараа првиот прием на идниот министер за здравство да биде за решавање на нивните барања. Тие се собраа денеска во паркот пред интерни клиники, со цел, како што рекоа, да го дигнат гласот и да кажат, дека не се откажуваат од нивните барања.

Доктор Александра Георгиева, претседателка на Здружението на лекари специјализанти, истакна дека ситуацијата останува непроменета.

- Сѐ уште нема здравствено осигурување за овие лекари, сѐ уште Министерството за здравство не излезе со конкретни мерки и планови за подобрување на состојбата, но и решавање на горчливиот проблем во однос на покачување на платите и трајни вработувања. Сега засега, за да можеме да овозможиме функционирање на клиниките, ќе продолжиме да доаѓаме на нашите работни места, излегувајќи во пресрет на пациентите. Сѐ до формирање на новата влада и новиот кабинет. Алармираме кон новиот министер, дека првиот прием треба да биде во врска со нашите барања и нивно решавање, нагласи таа, повторувајќи дека е ова многу важно, за младите, особено медицинските лица, да не заминуваат од државава.

На новинарско прашање, таа одговори дека за празниците ќе бидат на дежурства, затоа што, во спротивно би имало проблеми во обезбедувањето здравствени услуги на клиниките. За празнична работа, добивале некое покачување на дневница, но, не празнична дневница како што добиваат вработени лекари.

Поддршка им даде професор доктор Маргарета Балабанова Стефанова, која, како што самата рече, 42 години била наставник на кадри кои произлегуваат од клиниките. Таа рече дека за неа, како претставник од фелата, е незамисливо, ова што се случува со судбината на овие млади лекари, да помине без реакција.

- Овој проблем мора да се реши, неопходни се решавање на проблемите на актуелните приватни специјализанти, соодветна кадровска политика, национална програма за здравство, што ќе го почитува квалитетот, подвлече таа.

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците земени во нападот врз Израел на 7 октомври.

Враќајќи се во Катар по последните разговори во Каиро, делегацијата на Хамас најави дека „ќе разговараат за идеи и предлози“.

„Сакаме да одговориме што е можно побрзо“, изјави извор од Хамас.

Египетски извори за Ал Кахера њуз, веб-страница поврзана со египетските разузнавачки служби, изјавија дека делегацијата на Хамас „ќе се врати со писмен одговор“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги опиша условите на примирјето како „исклучително дарежливи“, додека Белата куќа апелираше до посредниците Египет и Катар да го засилат притисокот врз Хамас да го прифати последниот обид за ставање крај на речиси седуммесечната војна.

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика египетските и катарските лидери „да вложат максимални напори за да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држи Хамас“, нарекувајќи го тоа „единствената пречка“ за обезбедување помош за цивилите во опколениот Појас Газа.

Египет, Катар и САД со месеци се обидуваат да обезбедат нов договор меѓу завојуваните страни. За време на еднонеделното примирје во ноември, 80 израелски заложници беа разменети за 240 Палестинци кои беа затворени во израелските затвори.

Израел проценува дека 129 заложници остануваат во Газа, вклучувајќи 34 за кои се верува дека се мртви.

притисни ентер