Заев: Груевски сокриен во багажник ја напуштил земјата

Во интервју загермански весник Франкфуртер алгемајне цајтунг премиерот  Зоран Заев обелодени нови детали за бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски.

Знаеме како Груевски избега од земјата, тврди премиерот Зоран Заев во интервју објавено во германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг".

Како што објави денеска Дојче Веле на македонски јазик, во интервју за ФАЦ, премиерот Заев првпат открива детали од бегството на Груевски за кои досега се шпекулираше во јавноста. Од Обвинителството не ги потврдуваат тие информации. Заев тврди дека ја знае траекторијата на движењето на Груевски во клучните часови на бегството од земјата.

Екс премиерот Груевски е во Унгарија каде доби азил.Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ беше осуден на две години казна затвор поради влијание во набавката на луксузниот „мерцедес“.

„Сега знаеме како. Груевски со лифт се симнал во подрумот на зградата, а таму се сокрил во багажникот на автомобилот кој го однел надвор од државата. Во Албанија, го чекало унгарско дипломатско возило“ вели Заев во интервјуто.

На прашањето зошто потрагата по Груевски започнала три дена подоцна, дури во понеделник, иако уште во изминатиот петок тој требало да се пријави на отслужување на затворската казна Заев истакнува дека такви се правилата за осудениците.

„Во земјата вообичаено е криминалците кои се повикани во петок за отслужување на затворска казна, викендот да го поминат дома. Не можевме тоа да го смениме само за Груевски“, објаснува Заев.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер