ВМРО-ДПМНЕ: Власта да се потруди да обезбеди откуп на земјоделските производи

Нема земјоделски регион во државата каде што нема проблеми.

Градинарските култури во струмичко, како што се краставицата, доматот и пиперката се соочуваат со катастрофално ниски цени, кои се надвор од секаква рентабилност, а власта не презема ништо во насока на решавање на проблемите.

Откупот е многу слаб, а кога го има цените се многу ниски.

На самиот почеток на откупната сезона цената е под секаква рентабилност. Краставиците се откупуваат за 5 денари, доматите за 15 денари, а пиперката за 20 денари по килограм.

Самиот факт што на почеток на откуп цените се ниски, кажува дека до крајот на сезоната откупната цена ќе биде под секакво ниво и крајно недостоинствена. Доколку во најкраток можен рок власта не преземе нешто во насока на решавање на проблемите на земјоделците повторно ќе бидеме сведоци на зеленчук кој наместо на зелените пазари ќе заврши на локалните депонии.

Земјоделците се соочуваат со големи проблеми да обезбедат средства за своите семејства. Инвестирале и работеле, а сега нема да можат ниту да си ја повратат и инвестицијата, а не пак да заработат нешто плус.

Заев и Николовски за време на парламентарните избори 2016 година ветуваа загарантиран откуп високи и стабилни откупни цени, но очигледно не мислеле на земјоделските производи, туку на марихуаната која што ја одгледуваат фамилијата Заеви.

Почитувани,

Додека бизнисот со марихуана на Заеви им цвета, земјоделците кои одгледуваат земјоделски производи не можат да го продадат својот род затоа што власта која што им го вети откупот не им го обезбеди, ниту загарантирани откупни цени.

Зоран Заев и министерот Николовски кој не знаеме дали се уште е министер, да излезат на терен и веднаш да преземат мерки за усогласување на откупната цена. Заев наместо да гази црвени теписи низ светот, заедно со само за него успешниот министер Николовски нека се потрудат да обезбедат откуп на земјоделските производи. Земјоделците не смеат да претрпат уште една катастрофална година.

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер