Русковска: Во претресите во Италија нови докази за случајот со ИПА фондовите, има предистраги и истраги за функционери за други случаи

Ова го изјави денеска обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која денеска во Скопје учествуваше на Конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организирам криминал".

Во претресите што се спроведени во Италија во врска со случајот за злоупотреба на ИПА фондовите, за што се сомничат државниот секретар на Министерстото за информатичко општество и администрација и поранешен вработен во истото Министерство, се пронајдени докази кои ќе служат во постапката што се води против нашите државјани.

Ова го изјави денеска обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која денеска во Скопје учествуваше на Конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организирам криминал".

Неофицијално истрага за злоупотреба на ИПА фондовите се води против Јахи Јахиу, државен секретар во МИОА од редовите на ДУИ и Јасмина Гелеска од Скопје која била раководител на сектор во Министерството. Тие се сомничат за примање покуп при избор на компанија за спроведување на проект финансиран од ИПА фондовите.

Русковска напомена дека е рано да се каже што има во запленетите материјали, пред се во комјутерите и мобилните телефони и додаде дека ќе треба да се почека вештачењето .

Акцијата е спроведена во координација со италијанското обвинителство од Милано и со поддршка на „ЕУРОПРАВДА". Спроведени се симултани претреси во Северна Македонија и во Италија и тоа пет претреси во Скопје и Куманово од кои во две правни лица и едно министерство, како и во осум правни лица во Италија. Во акцијата на нашето Министерство привремено одзедени се повеќе од десет компјутери (десктоп и лап-топ компјутери), УСБ и микро СД мемориски картички, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација.

Русковска нагласи дека се уште нема осомничени од фирмите во земјава во кои е вршен претрес и додаде дека треба време за да се подготват сите докази, а потоа ќе се согледа дали истрагата ќе се прошири и на други осомничени.

Во врска со тоа дали има истраги за ИПА фондовите или други злоупотреби против други функционери таа вели дека во тек се предистражни и истражни постапки за определени функционери и тоа пред се за економски криминал и копруција, а во моментов се гони, како што рече, барем еден судија.

Јавниот обвинител Љубомир Јовески нагласи дека комуникацијата со италијанските власти е на високо ниво и како што рече резултат на тоа е и последната истрага.

Двајцата осомничени како службени лица, во периодот од јуни 2014 до август 2015 година од италијанско правно лице преку посредници – италијански државјанин, советник во правното лице, и англиски државјанин – деловен партнер на англиско правно лице со подружница во Скопје, примилe подарок – патување во странство во три наврати, со вкупна вредност од 7.000 евра за да му овозможат на правното лице кое аплицирало на тендерот да има пристап до доверливите тендерски информации.

Со тоа, тие му овозможиле повластена положба и предност во однос на останатите апликанти и како резултат на тоа, правното лице било избрано да го спроведува ИПА проектот за што бил склучен договор во вредност од 1.096.900 евра.

Во текот на 2016 година, во периодот кога во Министерство за информатичко општество и администрација веќе отпочнало спроведувањето на ИПА проектот, како награда, првоосомничениот во два наврати примил во готовина парични средства во вкупен износ од 37.930 евра, односно 2.332.695,00 денари, а второосомниченото лице примило подарок во вкупен износ од 2.500 евра, односно 153.750,00 денари.

Од страна на надлежен јавен обвинител е доставен предлог за определување мерка притвор против првоосомничениот, кој во 2005 година бил гонет и за кривично дело „злоупотреба на избирачкото право" по член 161 и во истиот предмет осуден со парична казна за повреда на избирачкото право од член 159 од Кривичниот законик. Второосомниченото лице во моментот не се наоѓа на територијата на нашата држава.

Истрагата е спроведена во изминатите два месеци во соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи со меѓународните организации ОЛАФ и ЕВРОПРАВДА, како и со повеќе држави – Италија, Холандија, Романија и други европски земји. Предметот е од меѓународни димензии и е инициран од страна на Европската служба за спречување измама – ОЛАФ која преку Јавното обвинителство во Милано доставила замолница за меѓународна правна помош до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Тунески: Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, а ЗНАМ нуди мерки

Професор д-р Атанаско Тунески:  Енергетската самостојност е услов за самоодржлива држава, а ЗНАМ нуди мерки кои тоа ќе го овозможат.

Денеска Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одржа прес конференција на која професор д-р Атанаско Тунески зборуваше за мерките во енергетиката што се предвидени во програмата на Движењето „Проглас за достоинствена Македонија“ за претстојните парламентарни избори.

Професор Туневски рече дека заложбите за самоодржлива држава подразбираат самојстојност во покривањето на потребите од електрична енергија со производство во енергетските капацитети во државна сопственост.

„Најважните цели во делот за енергетиката од програмата “Проглас за достоинствена Македонија” се:

1. Изградба на 2 гасни когенеративни електрани (ТЕ-ТО Скопје и ТЕ-ТО Неготино), до мај 2027, во државна сопственост,

2. Почеток на изградба на ХЕЦ Чебрен во државна сопственост, со формирање на Дирекција за изградба на ХЕЦ Чебрен, најдоцна 4 месеци по формирањето на новата Влада,

3. Избор на стратешки инвеститор за реализација на проектот Вардарска долина, кој содржи 12 хидроцентрали, најдоцна 2 години по формирањето на новата Влада,

4. Завршување на изградбата на гасоводите: Неготино (Кавадарци) – Битола, Скопје-Тетово-Гостивар-Кичево, како и интерконективниот гасовод со Грција, со што со гасоводна мрежа ќе биде покриено околу 70% од населението во Македонија,

5. Зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 30% во однос на 2023-та година,

6. Намалување на трошоците за производство на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост за најмалку 25% во однос на 2023-та година“, рече професор Туневски.

Тој нагласи дека реализацијата на овие цели ќе овозможат енергетска независност на Македонија преку сериозно зголемување на производството на електрична енергија во енергетските капацитети во државна сопственост.

Туневски додаде дека Програмата “Проглас за достоинствена Македонија” на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија обезбедува максимум за Македонија преку максимум во енергетиката во Македонија.

Сектор за односи со јавност

Арсовска со делегација на Град Скопје оддадоа почит пред споменикот на Гоце Делчев

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

По повод 121 годишнината од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода на Македонија, Гоце Делчев, делегација на Град Скопје предводена од Градоначалничката Данела Арсовска заедно со делегации на претставници од скопските јавни претпријатија, гости и дипломати, оддадоа почит пред неговиот споменик во Градскиот парк.

Делегациите оддадоа почит на македонскиот великан кој остави траен печат во македонската историја, со својата пожртвуваност, несебична љубов кон татковината и жртвата за слободата на Македонија, која за сите е трајна инспирација за храброст, солидарност и истрајност во борбата за градење на подобра иднина за сите.

Вечна му слава!

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Бајден изјавил дека Јапонците се ксенофоби, реагира Токио

Јапонија денеска оцени дека зборовите на американскиот претседател Џо Бајден, кој азискиот сојузник го опиша како „ксенофоб“, како Кина и Русија, се жалосни и погрешни.

Бајден на состанокот за кампањата во средата рече дека сојузниците Јапонија и Индија и ривалите Кина и Русија се во неволја поради нивното одбивање да примат имигранти.

„Зошто Кина е толку во економска стагнација? Зошто Јапонија има проблеми? Што е со Русија? Што е со Индија? Затоа што се ксенофобични. Тие не сакаат имигранти“, рече американскиот претседател, според извештаите на печатените медиуми објавени во четвртокот. Како одговор, јапонската влада денеска објави дека е „за жалење што беа дадени коментари кои не се засноваат на точно разбирање на јапонската политика“.

Забелешките на Бајден дојдоа помалку од еден месец откако тој беше домаќин на јапонскиот премиер Фуми Кишида на гала вечера, што е ретко прикажување на политичка наклонетост. Белата куќа брзо се обиде да ги ублажи неочекуваните критики на американскиот шеф на државата кон Јапонија.

„Ставот што претседателот го бранеше, и мислам дека луѓето ширум светот се свесни за тоа, е дека Соединетите Држави се земја на имигранти, тоа е во нашата ДНК“, објасни во четвртокот портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби.

Токио покажа дека го слушнал ова појаснување. „Го забележавме објаснувањето од американската влада дека овие коментари не се дадени со цел да се поткопаат важноста и одржливоста на односите меѓу Јапонија и САД“, се вели во соопштението.

притисни ентер