Ципрас од Павлопулос ќе побара распуштање на парламентот и објавување предвремени избори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, попладнево од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос ќе  побара распуштање на парламентот и објавување предвремени парламентарни избори, што ќе се одржат на 7 јули, пренесува  МИА од Атина.

Час и половина по средбата со Павлопулос, односно во 20 часот по локално време, Ципрас ќе ја претстави програмата на Сириза за следните четири години.

Грчкиот премиер, одлуката за предвремени парламентарни избори ја донесе откако Сириза загуби со голема разлика од Нова демократија на европските избори пред две седмици.

Втор ден гласање на изборите за пратеници

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), како што изјави на утринската прес конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, гласаат 8.843 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

Избирачките одбори од утринава го спроведуваат гласањето на болните, немоќните, хронично болните лица, кои се пријавиле за гласање за предвремените парламентарни избори, а своето право на глас го искористуваат и затворениците, лицата во домашен притвор, во старските домови и шестмина внатрешно раселени лица.

Според последните податоци на Државната изборна комисија (ДИК), како што изјави на утринската прес конференција портпаролот на ДИК Адмир Шабани, гласаат 8.843 болни и немоќни и хронично болни чии пријави се прифатени од ОИК.

Гласањето е започнато и во 13 казнено-поправни установи, каде во посебните изводи од Избирачкиот список се запишани 1.657 гласачи, како и пријавени лица во домашен притвор. Се изјаснуваат 357 лица во 17 старски домови. Гласањето на овие лица се спроведува од страна на избирачките одбори, како и вообичаено досега, со тоа што и членовите на одборите, но и лицата што се пријавиле да гласаат задолжително мора да ги почитуваат општите превентивни мерки за заштита од КОВИД – 19.

Согласно Изборниот законик и упатството донесено од ДИК, граѓаните своите гласачки ливчиња треба да ги обележат со заокружување на редниот број на подносителот на листата со хемиско пенкало во сина боја. Ниту еден друг знак не смее да биде ставен на гласачкото ливче бидејќи во таков случај, гласачкото ливче ќе се смета за неважечко.

Со цел граѓаните да можат да ја известуваат ДИК и да даваат свои препораки што се однесуваат на изборниот процес ДИК активен е бесплатниот телефонски број 0800-555-44. За комуникација со граѓаните со оштетен слух и говор активен е телефонскиот број 076488360, преку кој овие граѓани со видеоповик ќе можат да комунициираат со ДИК. За сите останати граѓани на располагање е и веб страната на ДИК www.sec.mk, како и Фејсбук и Твитер и каналот на Јутјуб.

Вчера, на првиот ден на гласањето, за кандидатските листи се изјаснуваа лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Државната изборна комисија синоќа соопшти дека правото на глас го искористиле 723 лица заболени од КОВИД-19 и во самоизолација, од пријавени 759.

Од вчерашното и денешното гласање, ДИК не објавува резултати, туку само бројка на излезност. Ливчињата остануваат запечатени во пликоата кои се наоѓаат во гласачките кутии до денот на изборите, односно до завршување на гласањето. Истите кутии се користат за денешното гласање на болните и немоќните, а пликоата се отвораат и гласовите ќе се бројат утре заедно со останатите.

Изборите за пратеници во Собранието се одржуваат со задолжителна препорака за почитување на мерките за заштита од Ковид-19.

Истражување: Речиси секој наставник користи дигитални алатки во наставата

Од вкупно 250 анкетирани наставници во основните училишта,  237 или 95 отсто се изјасниле дека користат дигитални алатки за време на наставата.

Речиси секој наставник користи дигитални алатки во наставата, покажува истражување во рамки на проект за дигитализација на образованието спроведено во периодот од 6 до 30 мај 2020 година помеѓу наставниот кадар во основните училишта на територија на општините Валандово и Карпош.

Од вкупно 250 анкетирани наставници во основните училишта, 237 или 95 отсто се изјасниле дека користат дигитални алатки за време на наставата. Тринаесет наставници посочиле дека ваквите онлајн-содржини и помагала воопшто не ги користат во спроведувањето на воспитно-образовниот процес.

Истражувањето е спроведено од Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност, а во рамки на Проектот за дигитализација на образованието кој делумно е финансиски поддржан од Македонско-американската алумни асоцијација (МААА).

Кордалов вели дека и претходно, а особено по појавата на пандемијата предизвикана од коронавирусот, било јасно дека спроведувањето на одржлива и ефикасна дигитализација во образованието е една од најважните приоритети на целокупното општество.

– Првичните резултати од ова истражување јасно ја покажуваат подготвеноста на наставниот кадар за дигитална трансформација на образованието, што е за поздравување и од голем интерес за учениците и целиот образовен процес. Но, останува малку време до почетокот на новата учебна година. Доколку сакаме вистинска дигитална трансформација на образованието, неопходно е надлежните државни институции, како и локалните самоуправи да ги вложат сите свои напори и да бидат вистинска поддршка на училиштата и факултетите во претстојниот период, истакна Кордалов.

Анализата, исто така, покажува и дека според мислењето на поголемиот број наставници не постои стручно лице кое им стои на располагање и им помага доколку имаат потреба од правилно вклучување на дигиталните алатки во наставата. Дека има такво стручно лице се изјасниле 113 или 45 отсто од наставниците, додека 137 или 55 проценти истакнале дека во нивното училиште не постои стручно лице кое им нуди поддршка во процесот на воведување дигитални алатки во образованието.

Од 250-те анкетирани наставници, 130 посочиле дека „не се согласуваат" или „воопшто не се согласуваат" дека имаат поминато соодветна обука за стекнување дигитални вештини. Нешто помал е бројот, односно 120 анкетирани наставници, кои посочиле дека „се согласуваат" или „сосема се согласуваат" дека имаат поминато соодветна обука за стекнување лични дигитални вештини кои се потребни за наставата.

Според авторот на истражувањето, важно е да се истакне и дека висок процент (75 %) од наставниците вклучени во ова истражување сметаат дека со воведувањето дигитални технологии во наставата ќе се олесни совладувањето на наставниот материјал од страна на учениците.

На прашањето, пак, „Дали за време на часовите, на учениците им дозволувате да користат мобилен телефон или други лични дигитални уреди", најголем дел од наставниците односно 71 % одговориле дека не дозволуваат користење лични дигитални уреди за време на наставата. Седумдесет и тројца од 250-те анкетирани наставници или 29 проценти одговориле потврдно, односно посочиле дека дозволуваат користење мобилни телефони и други лични дигитални уреди на учениците за време на одвивањето на наставниот процес.

– Главната цел на ова истражување и спроведувањето на Проектот за дигитализација на образованието во оваа фаза е утврдување на капацитетите на општинските основни училишта за користење дигитални алатки, како и давање директен придонес и поддршка за училиштата со цел спроведување ефикасна и одржлива дигитализација на воспитно-образовниот процес и приспособување на условите за учење наметнати од пандемијата предизвикана од Ковид-19, наведува Кордалов.

Резултатите добиени од истражувањето се користат за сумирање и анализа со цел претставување на трендот и степенот на дигитализација во образованието. Тие ќе бидат публикувани и промовирани во насока на констатирање на актуелната состојба со дигитализацијата во основното образование, како и давање конкретни предлози и мерки за преземање следни активности на овој план на територијата на целата држава.

ЈП Водовод и канализација апелира за разумно и рационално користење на водата

 ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира граѓаните на град Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата, односно да избегнуваат полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

-Воедно, со цел заштита на системот за водоснабдување, граѓаните кои регуларно и редовно ги извршуваат своите обврски кон претпријатието, како и во согласност со сите законски регулативи, ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акции за исклучување на диви приклучоци, велат од јавното претпријатие.

Оттаму појаснуваат дека дивите приклучоци се забранети со закон (Закон за водоснадбување, член 23) и се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснадбување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена постапка за сторено кривично дело.

ЈП Водовод и канализација – Скопје потсетува дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.

Претпријатието апелира и ги повикува граѓаните на одговорно однесување, отстранување на дивите приклучоци и регуларно поднесување барања за водоводен приклучок доколку за тоа имаат потреба.

притисни ентер