Филипче: Годинава две нови вакцини – Пневмококна и против Рота вирус

Новиот календар е комплетно усогласен со препораките на СЗО, во областа на имунизацијата.  Вакцините се произведуваат во опкружување и процес кој подлежи под многу контроли. 

Главните приоритети на Министерството за здравство годинава е комплетно осовременување на календарот за имунизација со воведување нови вакцини што заштитуваат од пневмокок и од рота вирус, причинители на тешки заболувања најчесто кај малите деца до петгодишна возраст, потенцираше министерот Филипче на денешната работилница „Перспективите и предизвиците во Имунизацијата", во организација на Светската здравствена организација и семејна медицина.

Тој потенцираше дека имунизацијата е единствената мерка која заштитува од заразни заболувања, и дека заложбата за одржување силен колективен имунитет е јасна и недвосмислена.

– Новиот календар е комплетно усогласен со препораките на СЗО, во областа на имунизацијата. Вакцините се произведуваат во опкружување и процес кој подлежи под многу контроли. Вакцинацијата е клучен приоритет и придобивка за јавното здравје и токму затоа активностите за промоција на имунизацијата продолжуваат во континуитет, рече Филипче.

Според него, потенцирана е потребата секој здравствен работник да го провери својот вакцинален статус и доколку нема комплена вакцинација тоа може да го направи во центрите за јавно здравје.

– Според последните податоци од Институтот за јавно здравје вкупниот број на вакцинирани деца на возраст до 14 години од почетокот на епидемијата со морбили изнесува 27.248. Од нив, 14.541 дете е вакцинирано во Скопје, додека пак 12,707 деца се вакцинирани во останатиот дел од државата. Инаку, вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти и според епидемиолозите ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години. Никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту пак некој со своја волја има право да го загрозува правото детето да биде здраво, истакна Филипче.

Тој посочи дека вакцините што ги користиме во нашата држава се произведени во земјите членки на ЕУ, со два сертификати за квалитет, од производителот и од контролна лабораторија, но одобрени се и од Светската здравствена организација.

– Апелирам до родителите да ги вакцинираат своите деца, зашто само така ги штитиме и спречуваме епидемии од заразни болести. Од медицинскиот персонал досега се вакцинирани вкупно 1.246 здравствени работници. Само со стапка на вакцинација на над 95%, ќе обезбедиме колективен имунитет и ќе биде оневозможено ширењето на вирусот меѓу популацијата. Сите деца кои се невакцинирани за да се заштитат од можни компликации треба веднаш да се вакцинираат. Високиот опфат на вакцинација на соодветна возраст, создава колективен имунитет, рече Филипче.

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно,се е вратено во функција

На Клиниката за токсикологија пукнала цевка од парно, од МЗ за МИА велат нема штета, се е вратено во функција.

На Клиниката за токсикологија во Скопје ноќеска пукнала цевка од парно поради што биле поплавени простории на третиот кат, тврдат вработени на Клиниката.

Според нив, повеќе од два часа биле поплавени просториите, а проблем е тоа што Клиниката не е осигурена.

МИА се обиде да стапи во контакт со медицинскиот директор на Токсикологија, но, досега нема одговор.

Од Министерството за здравство за МИА потврдија дека ноќеска имало пукнала цевка од парно и дека проблемот е веднаш саниран.

- Нема штета, се е повторно вратено во функција, велат од Министерството за здравство за МИА.

Во понедлникот лекари од Клиниката алармираат дека има проблеми на Клиниката и дека главен проблем со којшто во моментот се соочува Клиниката е доекипирањето на лабораторијата. Посочија дека било барано да се вработат двајца лаборанти и еден болничар, за да може да се функционира. Истакнаа дека се соочуваат со отпор и несоработка од страна на новоназначената организациска директорка која инсистирала да бидат примени сите 18 лица кои претходно биле примени со договор на дело, а на кои им истекол договорот. Меѓу нив, како што посочија лекарите во понеделникот, е и боилничар кој вршел притисок кај лаборант да замени урина во која имало наркотици со чиста урина. Ставот на лекарскиот колегиум, е дека немаме потреба од толкав број нови вработувања.

Министерот за здравство Илир Демири најави дека ќе го разреши медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, Данил Петровски, а во врска со работењето на економската директорка рече дека нема констатирано ниту едно прекршување на право.

притисни ентер