Кој ќе ја наследи Тереза Меј – Петмина кандидати со најголеми шанси

Почна натпреварот за наследник на Тереза Меј , откако таа вчера најави дека се повлекува на 7. јуни.

Петмина кандидати се во најтесниот избор , а нивната главна задача ќе биде да ја изнесат Британија од Европската Унија. Последен во трката за нов премиер се вклучи Мет Хенкок , актуелен министер за здравство.

Пред него таква амбиција пројавија поранешниот министер за надворешни работи , Борис Џонсон, сегашниот министер од истиот ресор, Џереми Хант , секретарот за меѓународен развој, Рори Стјуарт и поранешната минисртерка за труд, Естер МекВеј.

Но , списокот на кандидати може да биде подолг , зашто вчера се пријавија и министерот за трговија, Лиам Фокс и заменикот министер за Брегзит, Стив Бејкер.

Анкетите покажуваат дека Борис Џонсон е најголем фаворит , а тој тврди дека Британија мора да биде подготвена за излез од ЕУ без договор , доколку не може да се постигне прифатлив.

,,Ќе ја напуштиме ЕУ на 31 октомври со или без договор.” , изјави вчера Џонсон.

Државниот врв се обедини против дезинформациите и лажните вести

Државниот врв почнува борба со лажните вести како голема закана за безбедноста и демократијата во современото општество. 

Пропагандата и дезинформацијата имаат потенцијал да промовираат говор на омраза и насилство и да ја намалат довербата во демократските вредности, рече премиерот Зоран Заев на првиот конститутивен состанок на Акциската група што ќе ги координира државните институциите во оваа борба.

Заев како пример за лажни вести посочи некои од информациите и вестите кои континуирано се објавуваа за Договорот од Преспа.

Во оваа ера на дигитализација кога сите информации ни се достапни со еден клик, често немаме можност да направиме разлика меѓу издржана и професионална вест од дезинформација, а општество без силни медиуми не може да се развива демократски, смета претседателот Стево Пендаровски.

Лажните вести се и закана за безбедноста на државите, вели тој.

Кампањата против лажните вести ќе се води според стандардите на Европската комисија и секторот за комуникации на НАТО.

Од октомври е најавена серија консултации со граѓанските организации и медиумите, но и иницијатива за регистар за професионални онлајн медиуми со познато сопствеништво и импресум. 

Изменет режим на сообраќај утре во Скопје поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили"

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот. 

Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека утре во Скопје ќе биде изменет режимот на сообраќајот поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили", со кое ќе се  одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас.

Дефилето, кое го организира Градот Скопје, ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко", потоа по улицата „Филип Втори Македонски", лево по булеварот „Гоце Делчев", лево по булеварот „ВМРО", потоа десно по булеварот „Партизански одреди", десно по булеварот „8-ми Септември" и десно по булеварот „Илинден" до Градски парк (Школка).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот. 

Ултиматум од Радев - Ако нема договор, ќе има екстремни мерки и нова позиција

Бугарскиот претседател Румен Радев од бугарските професори од мешовитата комисија за историја побарал гаранции дека до октомври ќе ги решат сите спорни прашања за историјата.

 И порача дека Македонија може да се надева на поддршка од Бугарија, но не по сметка на бугарските национални интереси. Во спротивно, бугарската влада според него треба да создаде нова национална позиција со јасни барања и критериуми кои би биле вклучени во преговарачката рамка на земјава за членство во ЕУ.

-Ако вие почитувани господа можете да дадете гаранција дека во рамките на останатиот еден месец, вашата комисија ќе ги реши сите спорни прашања вклучително на настани, на личности, корекција на учебници,на натписи во музеи, натписи на споменици, на ставовите на јавните медиуми, тогаш бугарската влада ќе може да продолжи со политиката на поддршка на Република Северна Македонија во ЕУ. Ако  не можете да дадете такви гаранции, треба власта да направи екстремни мерки за изработка на нова национална позиција – изјави Радев.

Пораките на бугарскиот претседател доаѓаат во речиси исто време со изјавата на портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас, кој кажа декаГрција нема да прифати да се одвојат Македонија и Алабнија и дека за нив двете држави се пакет..

Ваквата навидум принципиелна позиција, всушност крие опасност од прикриено вето, со оглед дека неколку европски престолнинии праќаат сигнали дека се подготвени да ја кренат рампата за Скопје, но не и за Тирана.

Силна поддршка во пресрет на одлуката на ЕУ за отворање на преговори, стига од Вашингтон.. Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкна, Метју Палмер, во интервју за Гласот на Америка вели дека очекува позитивен исход.

-Европската комисија предлагаше отпочнување на преговори за членство со Скопје во последниве девет или десет години по ред.На нашите европски партнери јасно им ја пренесовме нашата позиција.Сметаме дека отпочнувањето на преговорите би било многу корисно.- Метју Палмер.

Европската агенда на земјава предвидено е да се најде идниот месец во Брисел, најпрво пред советот на министри на унијата на 15 октомври, а два дена подоцна и пред Европскиот совет, кој треба да ја потврди нивната одлука.

притисни ентер