Неделен хороскоп од 27.5. - 2.6. 2019 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 27. мај до недела, 2. јуни 2019 година. 

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе бидете се повеќе наклонети кон скривање на своите вистински чувства. Тоа понекогаш ќе предизвика недоразбирања во односите , зашто другата страна нема да биде подготвена. Внимавајте со ваквиот свој став да пропуштите добра љубовна шанса или некој друг да се откаже од додворување кон вас.

Кариера

Продолжувате да развивате се подобра деловна иднина. Остана уште малку време за да ги привршите подготовките. Неделава нема да биде се готово. Немојте тоа да ве изнервира , зашто на крај ќе видите дека се излегло подобро од очекуваното.

Здравје и совет

Игнорирајте ги малите грижи.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека важите љубовни односи се повеќе се подобруваат. Тоа ќе ве охрабри за да бидете уште поотворени и посигурно да им пристапувате на личностите кои ви се допаѓаат. Оние кои се во врска , ќе бидат уште поблиски со саканата личност.

Кариера

Не сте ни помислувале дека може да ви тргне толку на добро. Ќе се поврзувате со луѓе , меѓу кои и со нови соработници уште подобро отколку што сте претпоставувале. Идеите ќе ги разменувате поинтензивно , а нивната примена ќе биде возможна. Пред вас се динамични денови.

Здравје и совет

Штедете си ја силата.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во своите лични односи ќе станете поотворени и поопуштени. Подготвеноста да им верувате на другите ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само што вие ќе имате доверба во партнерот , туку и обратно. Бидете свесни за тоа и чувајте го.

Кариера

Веројатно нема да излезете во прв план , но сепак ќе ви биде добро. На вас е да работите и да покажете што знаете. Ситуациите , луѓето и настануите ќе ви одат во полза , дури и кога на прв поглед состојбата нема да ви изгледа сјајна.

Здравје и совет

Не губете време на безначајни работи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Барањата што постојано ќе доаѓаат од други подрачја на животот, повремено ќе ви ги нарушуваат стабилните лични односи. Ако се обидете нешто да објасните , нема добро да поминете. Затоа бидете тивки и едниоставно сакајте. Така ќе биде најдобро.

Кариера

Ќе се засили кореспонденцијата со колеги кои не се од местото каде што работите. Ќе се поврзете со нив и ќе разменувате деловни искуства. Некои ќе заминат на службен пат. Тоа ќе ги освежи и ќе разбуди кај нив авантуристички идеи.

Здравје и совет

Вашите таленти чекаат да се истакнат. Развивајте ги.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Многу луѓе постојано ќе ве опкружуваат. Ќе бидете расположени , весели , подготвени се да споделите со нив , но без премногу обврски. Некои својата врска ќе ја стават во позиција на добро пријателство и ќе се откажат од поголеми интимности. Партнерот би можел да биде збунет.

Кариера

Вашето влијание во работата ќе биде базирано на вашата зрелост и професионалноста. Овие денови уште ќе чекате на некои одговори од соработниците , што може да влијаат на натамошниот развој на работата , но општо земено , се е под контрола и добро се одвива.

Здравје и совет

Задоволни сте со самите себе.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Иако вашата врска одлично ќе напредува,вие самите ќе бидете склони кон чепкање по ситници , а особено во вашиот внатрешен свет. Со таков пристап ќе ја загрозите спонтаноста , па затоа не претерувајте. Опуштете се.

Кариера

Колку долго сонувавте за некои деловни потфати , толку сега имате шанса да го покажете своето знаење и умеење. Веројатно ќе се зголеми вашето влијание врз другите на работното место . Подготвени сте за такво нешто.

Здравје и совет

Ќе бидете отворени за секакви предлози.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Следните денови вие еднакво ќе уживате било како самец со пријателите или во врска со саканата личност. Нема да чувствувате притисок , па по секоја цена мора да се зближите со некого. Ќе бидете навидум незаинтересирани кон другите , но со смисол за хумор.

Кариера

Следните денови работата најверојатно ќе ви падне во втор план. Ќе размислувате за духовниот свет, или пак во својот дом ќе воведете некои измени. На работното место ќе функционирате рутински. Ќе го одработите она што морате и ќе бидете далеку со духот.

Здравје и совет

Одете во природа .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе се чувствувате празно и незаинтересирано за некои љубовни активности. Тоа е последица на вашата заинтересираност за се друго освен за личниот живот. Внимавајте, саканата личност може да се почуствува запоставено. Мал подарок може да ја поправи работата.

Кариера

Доколку нешто треба да се менува , менувајте.наравете го тоа на мирен и постепен начин. Доколку ве критикуваат немојте да одговарате , туку продолжете и натаму да работите. важное да имате јасен план и доследно да го следите. Успехот е на чекор до вас.

Здравје и совет

Соработувајте повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Влијанието на љубовните планети врз вашиот љубовен живот деновиве ќе биде различно. Некогаш ќе ви изгледа како се да е можно, а некогаш ништо. Ќе ви биде потребна добра способност за прилагодување , за да ги издржите сите предизвици.

Кариера

Пред вас се работни денови полни со предизвици , со зголемена одговорност , како и контрола при работењето. Затоа бидете подготвени , потсетете се на она што до сега сте го постигнале и со полно право презентирајте ги своите способности.

Здравје и совет

Потребено ви е повеќе спиење.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Вашите лични односи добро ќес е развиваат. Мали сомневања ќе имаат краткотраен карактер , па не им придавајте значење. Објективно , вратите на нечие срце ви се отворени. Не си го затворајте самите патот , туку одете таму каде што мислите дека припаѓате.

Кариера

Би биле најсреќни доколку се повлечете во своето работно катче и да работите нешто по свое. Некои овие влијанија ќе ги искористат за нови долгорочни планови , па ќе осмислат како да го подобрат она што го работат. Ќе има многу интересни идеи , па дури и повеќе.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе помислувате дека сте можеле повеќе да направите , но нема причина за незадоволство. Сега своите сили ќе ги насочите на зацврстување на она што сте го постигнале на личен план. Помалку филозофирање, повеќе интимност и се ќе ви оди како што треба.

Кариера

Ќе има се повеќе работа , а особено оние во дејноста услуги. Понекогаш нема да можете ниту да земете пауза , а најмногу ќе ве нервира што некои колеги илисоработници ќе функционираат и повеќе од немарно. Ќе се обидете да ги предупредите да работат посовесно.

Здравје и совет

Не заборавајте да се одморите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Состојбата во приватниот живот ќе се одвива добро. Саканата личност ќе ве поддржува, иако повремено ќе доаѓа до мали вербални недоразбирања. Истовремено ќе се појават бројни и многу убави љубовни шанси за оние кои се сами.

Кариера

Два чекора напред , па еден назад. Така деновиве би можела да се опише вашата работна недела. Сепак , кога ќе соберете пак сте во добивка. размислете за своите амбиции и планови. Дали се реални?

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер