Заев се сретна со црногорскиот претседател Ѓукановиќ и со собранискиот спикер Брајовиќ

На средбата со претседателот на Собранието на Црна Гора, премиерот Заев и претседателот Брајовиќ ја нагласија исклучително добрата соработка меѓу пратениците од двата парламенти.

Премиерот Зоран Заев вечерва на првиот ден од официјалната посета на Црна Гора , придружуван од заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски се сретна со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со претседателот на црногорското Собрание, Иван Брајовиќ.

На свечената вечера во чест на делегацијата на Владата на Северна Македонија што ја приреди претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот Заев и претседателот Ѓукановиќ го потврдија традиционалното пријателство меѓу двете земји и разменија мислења за идните можности за развивање на односите, посебно на планот на економската соработка и на планот на заедничките активности во НАТО и во процесот на интеграцијата на двете земји во Европската унија.

Заев и Брајовиќ, пак на средбата ја нагласија исклучително добрата соработка меѓу пратениците од двата парламента, можностите за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, а се зборуваше и за поддршка и размена на искуства од Црна Гора во процесот на започнување на преговори на нашата земја со ЕУ.

Заев му се заблагодари на Брајовиќ за ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО и информираше дека веќе 13 земји членки на НАТО го ратификуваа документот со што се отвора шанса Северна Македонија до крајот на годината да го добие статусот полноправна членка на Алијансата. /МИА

Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо може да го напушти клубот.

Според „Standard“, за 32-годишниот Италијанец силно се заинтересирани Јувентус, Лацио и Наполи. Во исто време, лондонскиот клуб се надева дека играчот ќе ги одбие понудите и ќе го продолжи договорот со Топџиите.

Оваа сезона Жоргињо одигра 35 натпревари, постигна гол и две асистенции.

Се шпекулира дека одлуката дали Жоргињо ќе остане во Арсенал во голема мера ќе зависи дали неговиот тим ќе ја освои Премиер лигата. /МИА

Изречени 130 санкции за брзо возење на територија на државата

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 130 санкции за брзо возење.

Од нив, како што информираа денеска од Министерството за внатрешни работи, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Санкционирани 157 возачи под дејство на алкохол

МВР информира дека вчера, во акциска контрола, се санкционирани 157 лица кои возеле под дејство на алкохол.

Контролата била спроведена од 16.00 до 22.00 часот на територијата на Република Северна Македонија.

Според МВР, санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, наведува Министерството.

притисни ентер