Вашингтон прв легализираше компостирање на луѓе

Вашингтон стана првата држава во САД , каде е легализирано компостирањето на луѓе по нивната смрт.

Предлогот на новиот закон во понеделникот го потпиша гувернерот Џеј Ансли. Тој се бори за номинација на претседателските избори во 2020 преку заштита на животната средина. Затоа овој проект за органска редукција на телата се смета за позитивен за средината. Станува збор за метода , која е нова во САД и се нарекува органска редукција.

Научниците тврдат дека со оваа метода од телата на покојниците се добива ѓубриво , што би се користело при одггледуваљње цвеќиња. Меѓу првите компании кои ќе се занимаваат со оваа метода е онаа во сопственост на Катрина Спеид. Вели дека органското компостирање настанало како резултат на седумгодишно истражување .

Вели дека на овој начин се намалува и количеството на гасовите што предизвикуваат ефект на стаклена градина , како што е тоа случај со кремирањето. Овој закон стапува на сила на 1 мај 2020 година.

Катрина објаснува дека телото на почеток се става во челичен сандак полн со луцерка , дрвени отпадоци и слама. Потоа сандакот се затвора , а телото се распаѓа во рок од 30 дена. По овој процес настанува земја што може еколошки да се користи.

Постапката ќе се наплатува по 5 500 долари , но според сегашната цена за погреби од 7 000 долари , цената е пониска, вели Спајд.

Сајкоски: Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ

Да донесеме уште поголема победа на 8 мај за просперитетна влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја носи Македонија напред.

Денес продолжуваме со активностите тука во Охрид, вчера поминавме прекрасни митинзи со огромна поддршка од граѓаните. Останаа уште неколку денови.

Ве повикуваме, приклучете се да донесеме уште поголема победа во вториот круг.

Сакам да ја изразам мојата благодарност и горд сум на тоа што го направивме во првиот круг, што ја дадовте вашата огромна поддршка за нашиот кандидат за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Сакам да ве повикам и во вториот круг референдумски да излеземе за да можеме да ја реализираме Платформа 1198, за да може да реализираме многу проекти за регионов и нашава држава, да донесеме подобар економски развој и раст, да донесеме подобро образование и здравство, да донесеме подобар живот за сите. Затоа на 8 мај излезете сите да се активираме да кажеме НЕ за ова што се случуваше досега и да дадеме шанса за просперитетна влада која ќе ја носи Македонија напред.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Хаос пред градското собрание во Тирана, фрлани молотови коктели врз објектот

Молотови коктели и други запаливи средства врз објектот на градското собрание во Тирана,  фрлаа учесниците на протестот организиран од опозициските демократи-приврзаници на Сали Бериша.

Поради сериозноста на состојбата зголемено е присуството на полициските трпи, кои на учеснците во протестот не им дозволија насилно да влезат во објектот а во гаснењето на пожарот учествуваше противпожарна единица.

Ова е четврти по ред протест на „Иницијативата за обнова на ДП“, поддржан и од Партијата на слободата на Илир Мета, како и Алијансата за заштита на театарот, на кои се бара оставка на градоначалникот Ерион Велиај.

Барањето за негова оставка се бара по откривањето на скандалот за злоупотреба на државни средства, за што, по налог на Специјалнорто обвинтелство против организиран криминал и корупција, СПАК, се уапсени десеттина високи раководители во општината, блиски соработници на Велиај.

-Правдата ќе биде задоволена, бидејќи граѓаните се на нозе! Никогаш нема да отстапиме од нашата борба, порачаа дел од оние кои се обратија до сега на протестот.

Организаторите бараат од полицијата да им се дозволи протестот да продолжи до 20 часот.

Крводарителска акција во Уставниот суд по повод 60 години од своето постоење

Под мотото „Биди хуман - спаси живот” Уставниот суд организира крводарителска акција што ќе се одржи на 30 април, во периодот од 9 до 14 часот, во просториите на Судот. 

-Акцијата за дарување на крв се реализира во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, на иницијатива на Уставниот суд, по повод 60 години од своето постоење. Организирањето на оваа хумана активност е иницијатива на вработените од Судот и досега се пријавени околу 30 дарители од Уставниот суд, соопштија од Судот.

Преку оваа крводарителска акција Уставниот суд, како што е наведено во соопштението, изразува солидарност и хуманост и истовремено се придружува на апелите на Црвен крст за подигнување на свеста за донирањето на крв и мотивирање на поголем број на луѓе за доброволно дарување.

притисни ентер