Светот се стресе поради новата подводна ерупција , од која настана огромен вулкан

Во ноември минатата година научниците забележале исклучително чуден потрес со необични фреквенции , што почнале од островот Мајоте во Индискиот океан , а потоа се раширил низ целиот свет.

На научниците им требало неколку месеци за да утврдат од што настанал чудниот силен земјотрес што ја потресол целата земјина топка. Според резултатите од истражувањето , потресот бил предизвикан од голема подводна вулканска ерупција.

Геолозите отпатувале на местото каде што бил епицентарот на сеизмичката активност и таму нашле огромен активен вулкан , што се издигнувал на 800 метри од морското дно и има дијаметар од 5 километри.

Најголемо изненадување бил фактот што само пред шест месеци таму немало никаков вулкан.  Од таму научниците сметаат дека земјотресот бил резултат на ,,раѓање “ на новиот огромен вулкан. Земјотресот бил регистриран на 11 ноември , а сеизмолошките бранови траеле дваесетина минути.

Островот Мајоте се наоѓа меѓу Мадагаскар и Мозамбик. Сеизмолошките бранови биле регистрирани во целиот свет, од Нов Зеланд до Канада, а подрачјето околу островот Мајоте не е сеизмички активно.

притисни ентер