Леонардо ди Каприо ја најде љубовта на својот живот (ФОТО)

Иако веќе една и пол година се заедно, актерот Леонардо ди Каприо (44) и Камила Мороне (21) успеваа интимните моменти да ги држат подалеку од јавноста.

Нивните излегувања во јавноста се вистинска реткост , така што папараците беа воодушевени кога ги уловија во Кан додека се фотографираат меѓ усебе. Ди Каприо ја фотографираше својата девојка додека ручаа во познатиот хотел Кап-Еден-Рок.

Додека тој ја фотографираше со мобилен ,  Камила позираше како балерина , облечена во бел фустан и босонога.

Актерот по навика беше замаскиран во качулка , капа и големи очила за сонце.Мороне во Кан го промовираше филмот ‘Mickey And The Bear’, во кој игра една од улогите.

И Оскаровецот ди Каприо  по четири години , се врати на филмското платно во филмот ,, Upon a Time in Hollywood’  на Квентин Тарантино. Премиерата во која игра со Бред Пит ,се очекува во јули годинава.

притисни ентер