На средбата се разговараше за севкупните политички состојби во Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи на потребата сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – членството во Европската унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава.
Сите релевантни политички субјекти во Република Северна Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните, истакна претседателот Пендаровски на средбата.
Претседателот на Движењето Беса, Касами, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата, се наведува во соопштението.